Со твојата донација можеш да помогнеш и да ја промениш приказната на многу деца.
Да создадеш втора шанса за љубов и семејство.
Донирај СЕГА за децата без родителска грижа.
Со твојата донација можеш да помогнеш и да ја промениш приказната на многу деца.
Да создадеш втора шанса за љубов и семејство.
Донирај СЕГА за децата без родителска грижа.
Кога надлежниот Центар за социјална работа ќе утврди дека условите во кои детето во рамките на своето семејство расте не се во негов најдобар интерес и дека во такви услови не се почитуваат правата на детето, или пак кога родителите на детето не се живи, центарот донесува одлука за згрижување на детето во алтернативен облик на грижа – СОС згрижувачко семејство.
За децата се грижат лиценцирани згрижувачи кои поминуваат сеопфатна тренинг програма и имаат постојана тековна поддршка за време на грижата, од стручен тим на професионалци- психолози, педагози, социјални работници, логопеди, дефектолози итн.
Одлуката дали детето ќе биде згрижено во СОС згрижувачко семејство ја носи надлежниот Центар за социјална работа во соработка со СОС Детско село.
Бидејќи законски старатели на децата кои растат во СОС згрижувачките семејства се центрите за социјална работа, тие се исто така задолжени за одлуката каква грижа е во најдобар интерес на секое поединечно дете. Доколку сте заинтересирани за посвојување, Ве молиме контактирајте го Центарот за социјална работа во Вашата општина.
Поддржувајќи нè, Вие ни овозможувате да обезбедиме најквалитетна грижа за децата, тие да растат во топол дом, опкружени со родителска љубов и поддршка. Вие ни помагате да ги поттикнеме слободно да ги развиваат своите капацитети, да ги подготвиме за предизвиците кои со себе ги носи животот, и да им овозможиме да станат успешни млади луѓе кои активно придонесуваат во нашето општество.
Понекогаш родителите не можат сами да се грижат за своите деца, понекогаш децата ги губат своите родители или воопшто никогаш не добиваат можност да ги запознаат – тоа се децата на кои им треба Вашата поддршка. Секој ден. Во интерес на децата чија грижа ни е доверена, ние се обврзуваме дека сите добиени финансиски и материјални средства ќе ги користиме правилно, одговорно и транспарентно. Нашите стандарди и политики детално ги пропишуваат како квалитетот во грижата за децата, така и начинот на трошење на средствата. Во таа насока, особено водиме сметка нашето работење да биде финансиски транспарентно, и редовно спроведуваме интерни и екстерни финансиски контроли.