Тип на донација
Сума

или

zgrizuvacko semejstvo

28 ноември 2023

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА “ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР”, “СОС ДЕТСКО СЕЛО” и “НЕТПУН МАКЕДОНИJА” – 109 компјутери за 109 деца без родителска грижа

Организацијата “Донирај Компјутер” постои веќе седум години и до сега има донирано повеќе од 2600 компјутери на семејства кои не поседуваат ИТ уред. Организацијата работи на начин  што ги поврзува големите компании и граѓани кои донираат компјутери а тие после репарација ги распределуваат таму каде што има потреба.

doniraj kompjuter

Истовремено организацијата соработува со Нептун Македонија со тоа што овозможува  секоја продавница на Нептун во сите градови да преставува собирен пункт за донирање на ИТ опрема

Со оглед на тоа дека компанијата е сериозен стратешки партнер на СОС Детско село увидовме исклучителна можност за спојување со нашиот друг партнер “Донирај Компјутер” сè со цел повторно да придонесеме во мисијата обезбедување можност за соодветно вклучување на сите деца и ранливата група на деца без родителска грижа во образовниот процес” – вели Александра Тасевска од Нептун.

doniraj kompjuter

Во рамките на СОС Детско село минатата година е отворен Центарот за поддршка на згрижувачки семејства каде во моментот се вклучени 73 згрижувачки семејства интегрирани во заедницата со 138 деца без родителска грижа.

“Покрај задачата за промоција на згрижувањето, центарот работи и во областа на континуирана помош и насочување на згрижувачките семејства да обезбедат грижа каква што му е потребна на детето сместено кај нив. Таква една акција беше и акцијата “Донирај компјутер” која обезбеди 109 компјутери за сите 73 згрижувачки семејства. Како и за другите деца, така и за децата кои се сместени во згрижувачки семејства централен дел од вештините коишто им се потребни за да бидат успешни во учењето, работата и животот се токму дигиталните вештини и поради тоа искажуваме голема благодарност до здружението Донирај компјутер. Навистина ги надмина нашите очекувања, особено заради тоа што денес со гордост можеме да кажеме дека заеднички обезбедивме компјутери за секое згрижувачко семејство вели Александра Ивановска од СОС Детско село.

Aleksandra Ivanovski

Донацијата беше договорена за 5 минути”. Може да се каже дека покрај тоа што ова беше огромна донација, успеавме да обезбедиме уреди за повеќе од 70 семејства за околу 1 месец. Тоа вклучува поправка, инсталација, пакување и испорака. Донацијата од 109 уреди го поткрена нивото на организираност и функционалност на едно повисоко ниво и претставува рекорд во испорачани уреди за многу краток временски период.

За крај ќе упатам еден апел до сите компании, доколу имате компјутери кои не ви се потребни сега имате можност да ги донирате. Со самата ваша донација помагате на огромен број на семејства, деца, студенти, училишта. Или со мои зборови, менувате човечки судбини – Борче Стаменов од Донирај Компјутер