Секое дете заслужува љубов и грижа

СОС Детско село дава поддршка кога недостасува родителска грижа. Преку поддршка од хумани поединци како вас, децата учат животни вештини и ја добиваат љубовта што ја заслужуваат.
Донирај денес и помогни да продолжиме да ги обезбедуваме овие вештини кои ја обликуваат нивната иднина.

Избери износ Стани СОС Пријател ❤️

Донирај
Пополни го полето за датум на раѓање
во формат: yyyy-mm-dd
и добиј роденденска честитка
Пополни го полето за адреса и добиј подарок
Во СОС Детско село, ние сме посветени на заштита на вашата приватност и обезбедување на безбедноста на вашите лични информации. Информациите од платежните картички не се достапни за нашиот систем во ниту еден момент. Ја сфаќаме вашата приватност сериозно и имаме имплементирано мерки за заштита на вашите податоци.

За овие 22 години:

деца и млади се обезбедени со топол дом, љубов и семејна грижа
деца спречивме да бидат разделени од биолошките семејства
поддржани семејства во ризик
млади да ги зајакнат своите вештини и можности за вработување

Често поставувани прашања

Зошто бараме твоја поддршка?

Во Македонија, 1029 деца живеат без родителска грижа. Празниците за овие деца се особено тешки. Повеќето од нив сонуваат за основни нешта што ние ги земаме здраво за готово: прегратка, мирна ноќ, дом, семејна атмосфера, чувство дека некој ќе остане.

Што овозможува твојата месечна донација?

Со твојата поддршка, овозможуваме: Топли празнични денови исполнети со мир и стабилност – нешта што многу деца никогаш не ги почувствувале. Настани, дружби и активности што ги зближуваат децата и згрижувачите. Чувство на припадност. Средина во која детето ќе почувствува: „Некаде припаѓам.“ Емоционална поддршка. За да ги надминат стравовите, вознемиреноста и траумите што ги носат. Секоја донација е чекор кон празници исполети со радост наместо страв.

Како твојата донација го менува секојдневието на децата?

Помага на едно дете:
– да верува дека не е само
– да се чувствува заштитено
– да ја добие грижата што му недостасувала
– да гради доверба кон останатите
– да се насмее без страв
– да почувствува дека конечно има дом

Зошто месечна донација?

Траумите на овие деца не исчезнуваат брзо.
Потребна е континуирана, стабилна грижа за да се создаде чувство на сигурност.

Месечната донација овозможува:
редовна грижа
планирани активности
континуирана емоционална поддршка
празници и секојдневие без страв

Ти можеш да бидеш причината едно дете да почувствува:
„Конечно сум на безбедно место.“

Зошто СОС Детско село?

СОС Детско Село е најголемата организација за грижа и поддршка на деца без родителска грижа во Македонија.
Повеќе од 20 години создава домови исполнети со сигурност, стабилност и љубов.
За жал, статистичките податоци покажуваат дека околу 8.000 деца во Македонија се во ризик.
Меѓу нив:
• 1.029 деца се без родителска грижа,
• 3.994 деца живеат во заедници со брачни и семејни проблеми,
• 2.768 деца се во друг вид социјален ризик.
Овие бројки не се само статистика.
Тие се илјадници животи — илјадници детски срца што чекаат поддршка, сигурност и шанса за подобра иднина.
Секоја донација се користи целосно транспарентно – таму каде што е најпотребно.
Биди дел од детството што го заслужуваат. Биди дел од нивната надеж.

Донирај

Претплатете се за Newsletter (Електронски билтен)

Дали сакате да добивате информации за нашите активности?

Со тоа што ни ја давате вашата идентификациона адреса на е-пошта за да ги добивате нашите СОС Вести, вие се согласувате да добивате комерцијални информации по електронски пат.