Не се двоуми, размислувај со срце!
Денес ним им требате!
Донирај СЕГА и стани СОС Пријател!
Како е заедно со родителите да ги украсувате велигденските јајца?
Како е да се подготвува велигденската трпеза заедно со мама?
Како е да се гушкате и радувате кога ќе го победите тато во кршење со велигденските јајца?
За жал, за некои деца Велигден е уште едно потсетување како е да си сам. За многу од нив, ова е ден како и секој друг – исполнет со осаменост и тага.
Осаменоста во детската душа боли најмногу.
Аника, како петгодишно девојче, токму на Велигден ги изгуби своите родители и остана сама. Затоа таа велеше: „За мене тоа не е Велигден, туку тажен ден!“ Тоа беше уште едно потсетување дека е сама во животот. И недостасуваше љубов, вистински дом и семејство.
Се сѐ промени откако дојде во СОС Детско село.
Го доби она за што отсекогаш сонувала – топла и грижлива семејна атмосфера за празниците и време поминато со семејството.
И што е најважно, Аника ја доби родителската љубов што толку многу и недостигаше.
Нека овој празник биде посебен за сите деца!
Нека овој празник ви биде побогат бидејќи знаете дека сте помогнале и децата без родителска грижа да имаат семеен празник.