Децата се нашите бисери и тие заслужуваат да растат со љубов, грижа и сигурност.

ДОНИРАЈ СЕГА и обезбеди среќно и безгрижно детство на децата без родителска грижа.

Денес ним им требате!
Донирај СЕГА и стани СОС Пријател!

Во СОС Детско село, ние сме посветени на заштита на вашата приватност и обезбедување на безбедноста на вашите лични информации. Информациите од платежните картички не се достапни за нашиот систем во ниту еден момент. Ја сфаќаме вашата приватност сериозно и имаме имплементирано мерки за заштита на вашите податоци.

Очиња со искра надеж

Дали го знаете она чувство кога не можете да најдете ниту еден единствен збор со кој ќе објасните што ви лежи на душата? Миговите кога имате бура од емоции, а сте неми?

Можете ли само да замислите што чувствува едно дете кое одеднаш останало само?
Раде имаше само 8 години кога дојде во СОС Детско село. Останал сам. Судбината си поиграла со него. Немо гледаше и молчеше. Во тие сини очиња во исто време се препознаваа страв, тага, бес, лутина… но и надеж.
Требаше да поминат 8 месеци Раде да го надмине чувството на тага и осаменост. Да ја препознае сигурноста и безусловната поддршка на СОС мама Љубица.
Нејзиното трпение и љубов докажа дека сè е можно.

И така, едно предновогодишно утро, под накитената елка, мама Буба ја најде пораката на Раде за Дедо Мраз. Ѝ ги насолзи очите, а во исто време ѝ го стопли срцето.

“Дедо Мраз, мама Буба е мојот најголем подарок,
не сакам ништо друго за Нова Година!“

Не е лесно да бидеш храбар, особено не кога имаш 5, 8 или 10 години… Но, на секое дете му е многу полесно, кога има некој што ќе го разбере, сака и гушне. Некој кој трпеливо ќе чека, бидејќи ќе знае дека еден ден ќе дојде вистинско време кога сè што не е изговорено, ќе биде кажано.

Донирај и создади искра надеж во очињата на децата без родителска грижа.

Бидејќи љубовта, семејството и сигурноста се најголемиот новогодишен подарок на сите деца.

Како нашСОС ПРИЈАТЕЛ

Со вашите редовни месечни донации помагате децата поддржани од СОС Детско село:

  • Да имаат топол дом, грижа и чувство на припадност
  • Да растат во семејство, опкружени со љубов и сигурност
  • Да имаат среќно и безгрижно детство
  • Да имаат квалитетно образование
  • Да имаат сигурна иднина
  • Да бидат едноставно ДЕЦА