21 август 2021
Водејќи се од желбата и досегашната практика да им помага на најранливите категории граѓани, Веро и годинава ја организира хуманитарна донаторска акција наменета за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село.
Нашите пријатели Веро, донаторската акција ја организираат со цел да се поддржи нивното образование, овозможувајќи им подобри услови за школување и еднакви шанси во образовниот процес.
Хуманитарната акција може да ја поддржат сите граѓани преку купување на посебно означени производи од училишната програма во сите Веро маркети и Jumbo продавници. Во периодот од 15 август до 15 септември, за секој купен означен ранец се донираат 30 денари за СОС Детско село, за училишен несесер 10 денари, а за купување на секој означен молив, пенкало, тетратка или друг училишен прибор се донира по 1 денар. Сите средства од оваа донаторска акција се собираат во специјалниот фонд за СОС Детско село и се наменети за образовните потреби на децата без родителска грижа.
– Минатата година со поддршка на нашите партнери за првпат ја организиравме оваа донаторска акција преку која не само што собравме средства за дечињата од СОС Детско село, туку и ја подигнавме општествената свест за значењето на солидарноста и меѓусебното помагање. Наша цел како општествено одговорна компанија е да направиме значајна промена во заедницата посветено помагајќи им на најранливите категории граѓани, но и да влијаеме врз целото општество за да ја разбудиме хуманоста кај секој поединец. Особено сме горди што во изминатиот период на криза и неизвесност реализиравме повеќе значајни хуманитарни активности со кои ја покажуваме нашата посветеност кон заедницата – вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.
– Испраќаме голема благодарност до Веро и нивните партнери бидејќи повторно излегоа во пресрет во време на пандемија и не ги заборавија дечињата поддржани од СОС Детско село. Оваа хуманитарна донаторска акција ќе помогне тие да добијат еднаква шанса за образование, со надеж за подобра иднина. Горди сме што можеме да кажеме дека имаме партнер како Веро – истакнува Јулијана Гапо, нацонален директор на СОС Детско село.
Хуманитарната донаторска акција на Веро е поддржана од повеќе компании-партнери како што се Папироти, Пан Граф, Унивел, Офис плус, Просветно дело, Графотекс и BIC.
Назад кон сите новости