6 ноември 2018
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заедно со претставници на Здружението на превозници во патниот сообраќај “Исток” и Асоцијацијата на независни синдикати на транспортери на Македонија “Макамтранс” денеска на СОС Детското село и Домот за деца без родители “11 Октомври” им предадоа донација во техничка опрема.Јанакиески истакна дека донацијата спроти големиот христијански празник Велигден, е заедничка иницијатива на Министерството со двете здруженија.
Тој изрази задоволство од соарботката и најави и други слични иницијативи во иднина.- Добро е сите ние пред се како граѓани, да одвоиме дел од своите средства, или дел од својата облека, или преку организирање на вакви акции да им овозможиме подобар живот на децата, рече Јанакиески.Директорката на СОС Детското село Јулијана Гапо, исто така, изрази задоволство од донацијата, која ќе придонесе за подобар квалитет на животот на нивните штитеници. Според неа, во последно време се позачестени се ваквите акции што говори за свеста кај граѓаните, но она што изостанува е, вели поддршката од државата.- СОС Детското село се финансира од странски и локални спонзорства, но изостанува поддршката од држвата, која е значајна за опстојувањето во иднина на оваа организација, бидејќи овие деца се деца на Република Македонија и држaвата има обврска да даде поддршка за нив, рече Гапо.Таа посочи дека од Министерството за транспорт и врски минатата година добиле ветување дека од 2011 за секое дете ќе се издвои по 5.000 денари месечна помош, што засега вели не е реализирано, иако се надеваат на тоа.
Во моментов во СОС Детското село се згрижени 87 деца без родители и родителска грижа на возраст од 4 до 19 години, а тројца се студенти кои живеат во иднивидуални приватни станови и добиваат поддршка за буџетот за сместување и храна. Првиот дипломец од како постои Селото ќе го имаат оваа година и покрај помошта што тие ја пружаат за негово осамостојување ќе побараат и поддршка од МТСП со аплицирање за стан за деца без родители..Донацијата се состои во две машини за перење садови и една голема машина за перење алишта. Иста таква донација доби и Домот за деца „11 Октомври“.
Назад кон сите новости