6 ноември 2018
Од 1 јуни до 31 декември по 1 денар од секој купен весник „Ден“ ќе бидат донирани во СОС Детското село со цел да им се помогне на децата кои живеат без родителска грижа.
Пет проценти од секоја реклама во весникот ќе биде дел од фондот за донации. Националниот директор на СОС Детското село, Јулијана Гапо укажувајќи на огромното значење на кампањата, рече дека секое дете заслужува топол дом, грижа, љубов и сигурна средина и додаде оти прават напори изминативе десет години тоа да им го овозможат на голем број деца. – Во нашите 12 СОС семејства во моментов се згрижени околу 80 деца без родители и родителска грижа и сите тие деца се од различни средини, националности и од сите делови на Македонија. Ги повикуваме сите мајки, татковци, родители, баби и дедовци да ја поддржат оваа кампања. Да не ги забораваат овие деца кои не се виновни за својата судбина и заслужуваат шанса да можат да бидат креатори на својата иднина, да станат успешни, независни и да придонесат во заедницата, истакна Гапо. Директорот на Театарот за деца и младинци, Драган Довлев предложи наредните седум месеци да се организираат две до три претстави за децата од СОС Детското село, кои ќе бидат бесплатни. Тој посочи дека на овој начин децата ќе можат да се почувствуваат порадосни, поисполнети и за момент ќе исчезнат нивните грижи.
Назад кон сите новости