Тип на донација
Сума

или

Донација од Лотарија на Македонија за Младинска Куќа

6 ноември 2018

Донација од Лотарија на Македонија за Младинска Куќа

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА ОВОЗМОЖИ ДОНАЦИЈА ВО ВИСИНА ОД 10.000 ЕВРА На 27.09.2012 во 11:00 ч. во СОС ДЕТСКОТО СЕЛО во н. Ченто,  Здружението на граѓани СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА го најави отворањето на втората Младинска Куќа  во с. Бардовци  во која до крајот на месец октомври треба да бидат сместени  14 млади деца – средношколци, без родители и родителска грижа. Планот за отворање на оваа Младинска куќа е започнат пред 2 години, но проектот беше пролонгиран заради недостиг на простор и немање на финасиски можности.


Денес благодарение на поддршката од германската фондација Херман Гмајнер–Фонд  која ги обезбедува средствата за наем на куќата и покривање на оперативните трошоци, како и на поддршката од домашните компании, кои ни помогнаа при опремувањето со сé што е потребно за еден современ топол дом,  овој проект стана реалност и уште една можност за соодветно згрижување на оваа ранлива категорија на деца.
Главен поддржувач на оваа хуманитарна кампања од корпоративниот сектор е Државната Лотарија на Македонија која согласно своето мото – ЗА ДОБРО, ја покрена иницијативата за опремување на куќата. Државната Лотарија на Македонија во соработка со Мебел Ви и Техномаркет,  обезбеди мебел, бела техника и други апарати за потребите на секојдневното живеење на овие млади деца, во висина од 10.000 евра. Интересно е што прва во оваа иницијатива се вклучи добитничката на 7-ката од играта на среќа НовоЛото 7/34, со понуда за вложување на 3000 евра од својата добивка во оваа хумана акција со цел да се овозможат нормални услови за живеење и развој на 14-те младинци.
На иницијативата на Државната Лотарија на Македонија, покрај Мебел Ви и Техномаркет, во поддршка на оваа кампања, со поединечни донации  се вклучија и други компании, долгогодишни пријатели на СОС Детско Село, како ДХЛ, Капитал Банка, Агротехна, Општина Гази Баба, Алмак и други.
Во новата Младинска куќа во скопското с. Бардовци, ке бидат згрижени 7 момчиња и 7 девојчиња од 14 до 18 годишна возраст кои со нетрпение го очекуваат преминот во новиот дом. Во моментот младинците живеат во рамките на Детското село, а нивната потреба од изделување е условена со потребите на нивниот понатамошен развој и осамостојување, согласно програмата за младинци без родители и родителска грижа. Во рамките на Младинската куќа, која претставува втора фаза на грижа на децата од СОС Детското Село, децата се осамостојуваат и се учат на практични животни вештини кои ќе им помогнат поуспешно да се интегрираат во заедницата. Младите  на овој начин преземаат поголема одговорност за себе и се подготвуваат за сите идни предизвици  кои ги очекуваат.
Ова исто така ќе овозможи  прием на нови помали деца во рамките на СОС СЕМЕЈСТВАТА во СОС ДЕТСКОТО СЕЛО на кои ќе им овозможиме топол дом и грижа.