6 ноември 2018
Денеска, на првиот ден од месецот ноември, на СОС Детско село Скопје, односно на децата и згрижувачите им беа подарени поголем број на апарати за домаќинство. И ако девизата на СОС Детско село е „Топол дом и грижа за секое дете“, тогаш сме сигурни дека со оваа донација ќе се придонесе за потопол дом и подобра заедничка грижа за нивниот дом на СОС мајките и децата сместени во СОС Детското село.
Директорот на Фондацијата, Николас Атанасоски, во оваа прилика го потенцираше задоволството од успешната приказна и соработка и дополни дека: „Ова не е прва донација на Фондацијата Атанасоски во СОС Детско село, но нема да биде и последна. Пријателството и соработката на овие две организации уште долго ќе траат и ќе бидат уште поуспешни“.
Директорката на програми на СОС Детско село Скопје, Александра Ивановски, како домаќин на оваа средба, се заблагодари со пригоден цртеж од вредните детски раце и исто така го изрази своето задоволство од соработката со Фондацијата Атанасоски дополнувајќи дека: „Посебно нѐ радува што понекогаш добрите луѓе и пријателските фондации и здруженија и без конкретен повод се сеќаваат на децата од СОС Детското село и знаат да нѐ израдуваат со прекрасни подароци. Овој пат, благодарни сме им на Фондацијата Атанасоски за донацијата на толку потребните апарати за домаќинство. Верувам дека оваа соработка помеѓу Фондацијата и СОС Детско село ќе стане традиционална, секако во интерес на децата од СОС Детско село“.
Назад кон сите новости