Тип на донација
Сума

или

donacija carinska uprava

6 ноември 2018

Донација од Царинската Управа за СОС Детско Село

На 10-ти април во рамките на програмата за прослава на 20-от јубилеј на Царинската Управа на Република Македонија се одржа пригодна свеченост за вработените во Царинската управа.  Во оваа јубилејна година за нив, вработените во Царинската управа,ја демонстрираа својата општествена одговорност и хуманост и под мотото „Секое дете му припаѓа на семејство и расте со љубов, почит и сигурност“ донираа дел од својот месечен надоместок.

На прославата, во име на вработените, директорот на Царинската Управа господинот Ванчо Каргов   го врачи чекот во вредност од 87.650 денари на националниот Директор на СОС Детско село Македонија Јулијана Накова Гапо. Директорката Гапо им го честита Јубилејот а воедно се заблагодари на присутните и во име на вработените и дечињата од СОС Детското село  му ја врачи благодарницата за вработените на Царинската Управа.