Тип на донација
Сума

или

lajons donacija za mladinec sos detsko selo

6 ноември 2018

Донација на стипендија за младинец од СОС Детско Село

Датум: 28.06.2010Настан: Донација на стипендија за младинец од сос детското селоПо повод одбележувањето на  Интернационалниот  Ден на  СОС ДЕТСКИ СЕЛА, на 24.06.2010 во 11ч, СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА  организираше прослава во просториите на КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА (Библиотека Другарче).

По тој повод, а и како резултат на долгогодишната подршка и соработка со Клубот на ЛАЈОНСИ, на оваа свеченост беше доделена една стипендија за младинец од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО, за приватниот УНИВЕРЗИТЕТ за ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ од Скопје. Стипендијата во вредност од 500.000 денари ќе ги покрие трошоците за целокупното четирогодишно школување а исто така и останатите трошоци за книги, испити и други дополнителни трошоци кои ќе произлезат.
Ваквите хумани иницијативи и донации за подршка на образованието на овие деца,  се дополнителна мотивација за овие деца кои бараат шанса да ги покажат своите таленти и капацитети  се со цел и тие  рамноправно да  придонесат во општеството, како и сите други деца.

На свеченоста во КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА, гости спикери  беа   Министерот  за Труд и Социјална Политика Г-нот Џељаљ Бајрами и градоначалникот на општина Гази Баба – Г-нот Тони Трајовски, а на Ламбе Алабаковски, омилениот естраден лик на децата,  му беше доделена почесната  функција АМБАСАДОР НА СОС ДЕТСКО СЕЛО.