26 мај 2021
Со голема тага ја примивме веста дека не напушти нашиот најверен и долгогодишен поддржувач ИЛИЈА РАЈЧАНОВСКИ.
Г-нот Илија Рајчановски е првиот човек кој го препознава концептот на СОС Детско село и се обидува идејата да ја пренесе во Македонија. Тој беше еден од основачите на СОС Детско село во нашата земја, втор Претседател на организацијата и Почесен член на Генералното Собрание кој до крајот на животот остана посветен на мисијата на СОС Детско село.
Секогаш позитивен, со пофалби и поттик за повеќе успеси и поддршка за сите деца на кои им е потребна. Освен поддршката од страна на заедницата, институциите, донаторите и хуманите луѓе, тој е еден од оние кои се заслужни за отворањето, функционирањето и успехот на оваа организација, и за кој со гордост можеме да кажеме дека е незаменлив дел од организациската меморија и секогаш ќе биде запаметен и споменуван во СОС Детско Село.
Упатуваме длабоко и искрено сочувство до семејството. Нека е вечен споменот на неговиот лик и дело.
Назад кон сите новости