6 ноември 2018
На 26.02.2011 децата од СОС Детско село-Скопје во придружба на нивните СОС Мајки/Тетки беа на детскиот концерт изведен од Македонската Филхармонија кој се оддржа во домот на АРМ во Скопје. Ова беше првиот концерт од циклусот „Детски симфониски концерти“ наменети за најмладите под диригентство на Борјан Цанев. Музичката програма изведена од филхармоничарите ја водеа двајцата аниматори – актерката Билјана Драгичевиќ и Иво Ангеловски. Картите за овој концерт се донирани од страна на Македонската Филхармонија.
Децата имаа можност да слушнат популарни симфониски дела: увертирата „Фледермаус“ од Штраус, „Плинк, Планк, Плунк“ од Андерсон, „Во дворецот на Горскиот Крал“ од „Пер Гинт“ од Григ, „Танц на вилата на бонбоните“ од балетот „Оревокршачка“ на Чајковски, „Танц на сабјите“ од Хачатуријан, „Кан Кан“ од Офенбах.Оваа изведба е адаптирана на децата и преку неа тие имаа можност да да се запознаат со класичната музика и да ги унапредат своите културни знаења кои се од голема важност за нивниот развој и нивната иднина.
Назад кон сите новости