6 ноември 2018
Детската недела – првата недела од месец октомври, во целиот свет традиционално се проследува со низа на активности посветени на најмладите жители на планетата земја-децата. Втора година по ред градинката „Срничка“ од општината Аеродром, ги поканува децата вклучени во СОС Советодавниот Центар за родители и деца – Гази Баба на дружење и забава.
Дружењето се одвиваше во убаво уредениот двор на градинката, каде децата и воспитно-згрижувачкиот тим од градинката организираа забавно-рекреативни и спортски активности насловени како „Игри без граници“. Децата гости имаа можност активно да учествуваат и да се натпреваруваат заедно со своите другарчиња од градинката. Дружењето помина во пријатна атмосфера. Децата меѓусебно се запознаваа, другаруваа и се натпреваруваа. Дечињата, родителите и вработените од градинката „Срничка“ на своите другарчиња од Советодавниот Центар им подарија и пакети со играчки, храна и облека. На крајот сите дечиња заедно уживаа во пригодна закуска, подготвена од вештите раце на децата и вработените од градинката.
Назад кон сите новости