24 јуни 2022
Колку е важно од мали да читаме книги и приказни? МНОГУУУУ.
Дали треба да се грижиме за природата? ДААА
Ова беа одговорите на дечињата од СОС Детско село на креативната работилница поддржана од Универзитетот ФОН и од водечката компанија за рециклирање на отпад ПАКОМАК, две организации кои се наши дологодишни поддржувачи.
Вработени и професори по цртање од ФОН одржаа кратка презентација преку интерактивни видео приказни и анимации и ги поттикнаа децата својата креативност да ја изразат преку цртежи. Воедно по овој повод ФОН донираше и библиотека со 100 книги и сликовници кои ќе бидат на располагање на 60 деца згрижени во СОС Детско село и на над 100 деца од социјално загрозени семејства кои ги поддржува нашата организација.
Пакомак преку финансиска донација овозможи 20 деца да одат на 10 дневен одмор ова лето и да добијат многу безгрижни дружби и убави сеќавања. Како благодарност децата нацртаа цртежи кои со големо воодушевување беа примени од компаниите како еден посебен подарок со голема емотивна вредност за нив.
Да се надеваме дека ќе ги потсетува на убави моменти со децата, а за нив сигурно ќе креира преубави спомени за паметење.
Погледнете ги сите фотографии во галеријата подолу.
Назад кон сите новости