6 ноември 2018
На 1ви април во СОС Детско село-Скопје како и секоја година се прослави денот на шегата. По тој повод децата повторно имаа прилика да ја покажат својата креативност низ изработување на првоаприлските маски. Гости оваа година ни беа и децата од Програмата за зајакнување на семејствата при Општина Гази Баба кои исто така беа маскирани и учествуваа на фестивалот на маската.
Децата имаа одлична можност да се дружат и на тој начин заедно да го прослават денот на шегата. Секое од децата ја претстави својата маска во дворот на селото, додека останатите се обидуваа да погодат за која маска станува збор. Прославата беше исполнета и со кажување на шеги, вицови и гатанки со комична содржина.
Како круна на настанот беше доделувањето на награди за најдобрите маски избрани токму од децата. Децата од Детското село бираа најдобра маска на децата од Програмата за зајакнување на семејствата при Општина Гази Баба, а тие пак ја одбраа најдобрата маска од дечињата од Детското село. Така и оваа година децата задоволни и среќни со позитивни импресии го прославија и овој 01.Април-ден на шегата.
Назад кон сите новости