Тип на донација
Сума

или

den na ragjanje herman gmajner

6 ноември 2018

Прослава на роденденот на основачот на СОС Детски села

На 22 јуни 2012 со почеток во 11:00 часот во СОС Детското село Скопје , како и секоја година свечено беше обележан денот на раѓањето на основачот на СОС Детските села г-дин Херман Гмајнер. Овој ден познат како Интернационален ден на СОС Детските села се прославува во 133 земји ширум светот во кои постојат СОС Детски села.

Настанот го отвори Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски, кому во името на Град Скопје му беше врачена и плакета за долгогодишна исклучителна поддршка и соработка со СОС Детското село. Почесен гостин – говорник беше и Градоначалникот на Oпштина Гази Баба, господинот Тони Трајковски. На прославата присуствува и многу донатори и пријатели на СОС Детското село кои во изминатата година дадоа голема поддршка на  децата и младинците згрижени во нашата организација. На сите пригодно им беа доделени благодарници за поддршката на нашата работата. Воедно, во оваа прилика и официјално беше означен стартот на Кампањата за поддршка на вработување на млади без родители и родителска грижа и млади во социјален ризик која има за цел да  создаде услови за започнување на процес на усвојување на регулатива за вработување на младите без родители и родителска грижа и млади од социјално ризични семејства. “Во Детското село веќе пет години се спроведува програма за младинска грижа.Во тој процес на континуирана поддршка на младите им се нудат образовни и работни програми на насочување. Младинците се поттикнуваат да најдат хонорарна работа за да се соочат со работните околности, да стекнат потребно работно искуство за да можат полесно да се снајдат во реалниот свет. Да се најде работа е најважниот момент во животот на младиот човек, особено ако израснал без родители и родителска грижа” – истакна Виолета Георгиевска, директорката на СОС Детско село Скопје. Оваа кампања е во состав на проектот ALTYO (Advocacy and lobbing training for Youth organizations) финансиран од страна на Европска комисија- IPA програма, кој го имплементира НВО Триаголник во соработка со повеќе невладини организации.