25 август 2020
Преминот во независно живеење е голема промена за младите. На патот кон независноста, неопходна им е поддршка и развој на животни вештини кои ќе им овозможат да:
Преку програмите за независно живеење, згрижувачите им помагаат на младите да ги стекнат потребните вештини. Уште повеќе, продолжуваат да ги одржуваат врските со нив секогаш кога тоа е можно, бидејќи овие млади луѓе се изложени на висок ризик да бидат сами во општеството.
Неодамна, едукаторите од младинските програми на СОС Детско село во кои се згрижени 28 младинци, организираа една исклучителна работилница и ги искажаа своите предлози и препораки:
“За да се има успешни младинци, важно e тие да бидат мотивирани, поттикнати и секогаш пофалени од страна на возрасните. Нивните квалитети секогаш да се ценат, а слабите страни чекор по чекор да се надополнуваат и надминуваат. Само на ваков начин успешно ќе се премостат сите бариери на патот кон независноста и тие ќе станат успешни и одговорни членови на заедницата откако ќе ја напуштат алтернативната грижа. За правилно менторство на младите, многу е важно во целост да се ислушаат нивните желби и потреби и правилно и континуирано да се следат. Но, пред сé, важно е да се случи поврзување помеѓу возрасниот и детето, да има взаемна љубов, почит и разбирање. Само на тој начин децата ќе бидат сигурни дека можат секогаш да им веруваат на нивните ментори во процесот на осамостојување ” – велат едукаторите од младинските програми.
Работилницата на која младите беа во улога на возрасни беше исклучителна важна и им овозможи на младите да ја сфатат не само суштината на поддршката, туки и секојдневното посветено и континуирано вложување кое го даваат згрижувачите.
Ова се само дел од изјавите на младите, учесници на работилницата:
„Сакам да бидам успешна професорка по македонски јазик и моето знаење да го пренесувам на учениците”- Сара, 18 години.
„Имам желба да го продолжам моето образование на факултетот по безбедност и за тоа ќе ми биде потребна поддршка при процесот на уписи” – Исмаил, 17години.
„Сакам многу работи, да будам правник , да основам семејство, да имам своја куќа и да бидам задоволна од животот” – Емина, 18 години.
“Да растеш во алтернативна грижа е многу поразлично, отколку да растеш во своето биолошко семејство. Јас сум среќен што наидов на згрижувач кој навистина ме разбира, ме поттикнува да постигнам дури и работи за кои порано мислев дека не сум способен да ги правам. Важна е поддршката, сигурноста и почитта. Кога имаш доверба во некого се е поразлично. Среќен сум што можам мојот пат на осамостојување да го правам со поддршка на искусни и посветени возрасни лица. А важно ми е кога учам од искуството на другите ” – Марко, 18 години.
Оваа година 8 младинци на кои сме неизмерно горди, ја напуштија алтернативната грижа. Вивнете се во височините, продолжете да освојувате, редете успеси и не се предавајте, сакајте и бидете сакани, а ние секогаш ќе бидеме тука за вас.
Назад кон сите новости