6 ноември 2018
Поп-пејачот Ламбе Алабаковски компонира нумера, наречена „Биди пријател наш“, за СОС Детското село. Ексклузивецот на „М2 продукција“ и победник на годинашниот „Макфест“ е почесен амбасадор на детското село.
– Ламбе оваа песна ја напиша за дечињата што се згрижени таму, а во иднина ќе биде нивна официјална химна. Коавтор на музиката и на аранжманот е Дарко Димитров, а текстот е на Огнен Неделковски – велат од „М2“.
Тој деновиве сними и спот за песната во режија на „Томато продукција“. Во видеото, покрај Ламбе, се појавуваат и деца од Супер Звезда и деца-штитеници на СОС Детското село.
Назад кон сите новости