Тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Град Скопје, ја користи оваа можност и соработка со СОС Детско село со цел да направи што е можно поголем социјален импакт во државата. Покрај охрабрувањето луѓето да спортуваат и да го негуваат своето здравје, организаторот го користи своето влијание за поттик на донирањето. Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон за можноста вели, „Имаме обврска кон нашата заедница. Ние сме луѓе кои сме цврсто уверени и убедени дека напредокот на светот во кој живееме зависи од нас. Секојдневно ги бараме начините како да го постигнеме тоа и затоа ни е екстремно драго што како Виз Ер Скопски маратон го најдовме најефективниот и најбрз начин да им се помогне на тие кои им е потребно.“

За да донирате:

– посетете ја официјалната страница на Виз Ер Скопски маратон на GivenGain на https://www.givengain.com/c/sos_macedonia/

– избирате ‘Donate now’ и ја внесувате посакуваната сума

Покрај самата директна донација, сите кои ќе учествуваат на Виз Ер Скопскиот маратон можат да креираат своја страна за поддршка на СОС Детско село Македонија и да ги повикаат своите пријатели да им помогнат во нивната поставена цел за собирање на средства. Креирањето на повик преку GivenGain е многу едноставен:

– посетете ја официјалната страница на Виз Ер Скопски маратон на GivenGain на https://www.givengain.com/c/sos_macedonia/
– избирате ‘Start fundraising’ за да се регистрирате со Facebook или Google
– додавате ваша слика/порака, таргет за собирање на средства и кратка приказна за тоа зошто собирате средства
– го споделувате вашиот линк за проектот за собирање на средства и ги охрабрувате и вашите пријатели и познаници

За да се биде херој не е потребно многу. Започнете денес!