Тип на донација
Сума

или

13 октомври 2021

На 12.10.2021 година, во хотел Мериот – Скопје, се одржа тркалезната маса „Диверзификација и подобрување на поддршката и квалитетот на услугите достапни на младите луѓе во социјален ризик“, која ја организираше СОС ДЕТСКО СЕЛО во рамките на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности“.

На настанот, на кој присуствуваа претставници на надлежните државни институции, бизнис заедницата, граѓански организации и млади луѓе од локалните заедници, покрај досегашните постигнувања на проектот, беа презентирани и дискутирани наодите од анализата на можностите за унапредување на јавните политики кон подобрена социо-економска интеграција на младите во социјален ризик, изготвена од тим на локални експерти.

„Зајакнување на младите преку нови можности“ (YEEP –Youth Empowerment Enabling Prospects) е регионален проект кој покрај во С. Македонија се спроведува и во Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина.   Проектот кој се реализира со финансиска поддршка од BMZ – Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија,  има за цел да ги зајакне младите луѓе во социјален ризик и да ја подобри нивната вработливост, преку учество во обуки за животни вештини и вработливост, советување, практиканство и посетување на стручно обраование и обуки.