Тип на донација
Сума

или

30 септември 2021

СОС Детско село Северна Македонија е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
СОС Детско село започнува со реализација на проектот Право на семејство – Де-институционализација за реформирање на системот за заштита на деца во Северна Македонија финансиски поддржан од Министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ).
За реализација на активностите во рамки на овој проект се огласува слободна позиција за
1 работно место за период од 42 месеци:

 

Координатор за административно и финансиско работење (m/f)

 

Опис на работата:

Координаторот е поддршка на проектниот менаџер и проектниот тим за целосна и навремена имплементација на проектните активности како одговорен за финансиско-административно работење на проектот.

Клучни области на работа и главни одговорности:

• Придонесува за ефикасно дневно административно и финансиско работење и ја поддржува работата на раководниот персонал;
• Подготовка на редовни финансиски извештаи за проектот;
• Подготовка на банкарски плаќања на трошоците;
• Ги следи посебните финансиски политики и процедури на донаторите;
• Комуникација со финансискиот оддел на организацијата и раководниот персонал на проектот;
• Ги почитува сите важечки стандарди, водичи, политики и правилници на СОС Детски Села Интернационал и СОС Детско Село Северна Македонија, со особен осврт на политиката за заштита на децата.
Потребни квалификации и дополнителни критериуми:
• Завршено високо образование од областа на економски науки (финансиски менаџмент или сметководство предност);
• Најмалку тригодишно искуство во финансиско и административно работење со проекти во граѓански сектор;
Искуство во водење финансиска евиденција;
• Искуство во административно работење;
• Добро познавање на финансиски и административни процедури и правна регулатива во однос на водење на финансии во граѓански организации се смета за предност;
• Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори се смета за предност;
• Добри комуникациски и организациски вештини;
• Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност
• Способност за работа под притисок и рокови
• Добро познавање на англиски јазик;
• Одлични компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
• Искуство во сметководство се смета за предност
• Поседување на возачка дозвола “Б” категорија се смета за предност;

Работни услови:

• Работа на определено време во траење од 42 месеци
• Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
• Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 10.10.2021 на е-маил: kariera@sos.org.mk. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.