Тип на донација
Сума

или

28 септември 2021

АПЛИЦИРАЈ ЗА СОС ПРЕТСТАВНИК

СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Во нашата земја, СОС Детско село веќе 20 години поддржува деца и млади без родителска грижа и делува и работи на развојни услуги од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

Во изминатиот период овозможивме топол дом, љубов и грижа на над 200 деца без родителска грижа, помогнавме над 1000 деца да не останат без биолошките родители и го поддржавме осамостојувањето на над 100 млади без родителска грижа.

За потребите на СОС Детско Село, МПГ Солутионс ја објавува следната позиција:

 

СОС претставник на терен (м/ж) Скопје

 

кој ќе го претставува СОС Детско село, ќе ја информира пошироката јавност за работата на организацијата и ќе вклучи што е можно повеќе граѓани во хуманитарната мисија за поддршка на децата и младите на кои тоа им е најпотребно.

Претставниците на СОС Детско село преку професионален однос и личен ентузијазам, континуирано ќе ја прошируваат мрежата за поддршка и ќе придонесат секое дете да расте во семејство опкружено со љубов, почитување и сигурност. Потребно е нашите вредностите на храброст, сигурност, доверба и одговорност да се и ваши и силно да верувате дека “Ниту едно дете не треба да расте само”.

Доколку сметате дека сте:

-Мотивирани, негувате позитивен животен стил и посветеност кон хуманитарна работа
-Подготвени за работа на СОС
-пунктовите во трговските центри и други локации за да ја промовирате мисијата на СОС Детско село -Отворени и уживате во комуникација и интеракција со луѓето
-Наклонети кон тимска работа

Што нудиме:

-Редовни месечни примања и стимулативни бонуси
-Флексибилно работно време од 20 часа неделно
-Професионални обуки и поддршка во процесот на развој на вашите компетенции за работната позиција
-Можност за напредување, едукација и личен развој
-Развивање на комуникациски и презентациски вештини
-Поттикнувачка и динамична атмосфера Ангажманот на одбраните кандидати ќе се одвива преку МПГ Солутионс а за потребите на СОС Детско Село.

-Вашата биографија со јасна назнака за позицијата за која се пријавувате испратете ја на
Email: info@mpg.mk
Сите дополнителни информации може да ги добиете на тел +389 (0)2 3179 476 секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот.

Напомена: Само кандидатите од потесниот круг ќе бидат контактирани.