2 август 2021
Ве информираме дека МЕЃУНАРОДНА ВИРТУЕЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА: ДЕТЕ ВО РОДНИНСКО ЗГРИЖУВАЊЕ ќе се одржи на 25 и 26 август 2021 со почеток во 13:30 часот и ќе трае до 19:00;
Конференцијата ќе биде On-Line, преку платформата “ZOOM”;
Главниот јазик за комуникација на конференцијата ќе биде англискиот.
Организатори на оваа меѓународна конференција се:
Конференцијата има за цел да понуди споредба на приодите и работните практики во различни земји на светот, споделување искуства и воспоставување на долгорочна меѓународна соработка во полето на алтернативната грижа за деца без родителска грижа односно роднинското згрижување;
Говорници на оваа конференција се еминентни професионалци од областа на згрижување и заштита на деца без родителска грижа но и искусни практичари;
Конференцијата ќе понуди презентации но и работилници на кои по ваш избор ќе можете да се вклучите и придонесете со вашето искуство и знаење за темата но и да го проширите вашето знаење;
На конференцијата ќе се обрати г-дин Марио Јанчев, директор за развој на програми од нашата организација со презентација за состојбата со згрижување на деца без родителска грижа во роднински згрижувачки семејства во Република Северна Македонија. Тој исто така ќе води група на работилница на која ќе се анализира студија на случај.
Учеството на конференцијата е со котизација и тоа:
Повеќе информации на следниот линк Conference – Spolek PRIDE-CZ
Назад кон сите новости