Тип на донација
Сума

или

2 ноември 2020

СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението поддржува деца во ризик и делува и работи на развојни услуги од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

 

СОС Детско село огласува слободно работно место на определено време од 1 годинa со можност за продолжување на неопределено време за:

 

 

ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР

 

Опис на работата:

 Работи кон успешно исполнување на стратешката мисија за добивање одржлив приход од канали на дигитални медиуми преку регрутирање и надградба на посветени донатори директно преку дигитални медиумски канали за да се обезбеди доволен приход и да се зајакне лојалноста на донаторите преку канали за дигитални медиуми за да се обезбеди одржлив приход од посветени донатори.

 

Клучни работни задачи и компетенции

  • Управување со Веб-страна

како одговорно лице врши координација на активности на  веб-страна:

  • додавање на нови карактеристики / содржини
  • дефинирање на барањата, брифирање на веб-девелопери,
  • тестирање и контрола на тековните активности
  • имплементирање на најдобри практики за користење на веб-страна во контекст на онлине донирање (дизајн на веб-страна и функционалност)
  • Обезбедување униформност: еден глас / еден изглед – координација на онлајн и офлајн маркетинг (веб дизајн, креативи за онлине кампањи)

Менаџирање дигитални (онлајн) кампањи за прибирање средства (inhouse)

  • кo-креирање идеи/ концепти за кампањи и пораки во соработка со комуникациски експерт (разбирање на однесувањето и потребите на клиентите)
  • поставување на онлајн кампањи – на социјални медиуми, за мобилни телефони, е-маил кампањи, поставување банери, пребарување со клучни зборови
  • Креирање на landing pages и и креирање на формулари за донации преку Интернет

Анализа на кампањи и веб-страна

  • поставување на софтвер за анализа, на пр. Google Analytics;
  • анализа на податоци и мерење – дефинирање дигитални параметри за следење на успешност на камапњи (KPIs) (average conversion rate, average click through rate , PPC, ROI …),
  • анализирање на клучни податоци и носење заклучоци, документација и известувањеза успешност

 

Следење на конкуренцијата
јасен преглед на конкурентските веб-страни, дигитални (онлајн) кампањи и активности на социјалните медиуми

 

Задолжителни критериуми

Експертиза во онлајн маркетинг, продажба или прибирање средства

  • Докажано искуство од најмалку 3-5 години во дигитално (онлајн) прибирање средства или продажба преку Интернет.
  • Универзитетска диплома во областа на маркетинг, продажба или прибирање средства.
  • Способност за самостојно (In-house) организирање кампањи за прибирање средства преку интерент – креирање и објавување реклами за кампањи, поставување на сите релевантни алатки за следење, самостојно континуирано следење и оптимизирање на дигиталните (онлајн) кампањи врз основа на анализа на податоци.

 

Техничко знаење

  • Техничко познавање за брифирање на веб-девелоперите;
    • за дефинирање на барањата во врска со развој на веб-страна
    • за алатките за дигитално (онлајн) прибирање средства – како креирање на landing pages  и креирање на формулари за донации преку Интернет.
  • Разбирање на специфичните технички основи на Интернет, познавање на HTML и PHP ќе се смета за силна предност.
  • Работно искуство со апликации како Adobe Photoshop Elements и Adobe Premiere Elements е силна предност.

 

Силен афинитет кон Интернет

  • Длабоко разбирање на апликации и дигиталнитa (онлајн) комуникација при користење на сите видови уреди (компјутери, смарт телефони и останато) за различни таргет групи со цел генерирање онлајн донации.

Пристап за прибирање средства

  • Оптимизам, креативно и интердисциплинарно размислување во однос на индивидуално и корпоративно прибирање средства, познавање на процесот на следење на конкуренцијата, со став „никогаш не се откажувај“ и „пробај повторно“.

 

Ориентиран/а кон резултати / Анализа на кампања

  • Мотивираност за продажба и ориентираност кон резултати.
  • Следењето, анализирањето и известувањето за кампањите.
  • Изнаоѓање начини да се достигнат целите за остварување приход преку Интернет

Дополнителни критериуми (вештини):

  • Искуство со gaming
  • Вештини во онлајн уредништво
  • Познавање на Веб-употребливост и Корисничко искуство (User Experience)
  • Познавање / обука за Adobe Photoshop & Premiere

 

Работни услови:

  • Работа на определено време во период од 1 година со можност за продолжување на неопределено;
  • Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00.

 

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 16.11. 2020 на e-mail: kariera@sos.org.mk