Тип на донација
Сума

или

17 јануари 2022

Повик за волонтери

Потребни се волонтери (6 извршители) кои би се вклучиле во работа на програмата за поддршка на згрижувачки семејства и развој на деца, програмите за грижа на млади во СОС Детско село-Скопје и Советодавните центри за деца и родители.

Нудиме платен ангажман од 4 часа дневно во квалитетна работна средина.

 

Работни задачи и одговорности 

-Поддршка во описменување на деца на возраст од 6 до 10 годишна возраст
-Поддршка во учење на основни математички операции (броење, собирање, одземање, таблица множење итн.)
-Поддршка во совладување на наставни содржини и пишување на домашни задачи
-обезбедување на психо-социјална поддршка на деца во социјален ризик

 

Критериуми за пријавување се:

-Државјанин на РМ
-Високо образование од општествени науки (педагошки науки, социјална работа или  психолошки науки)- се смета за предност
-Способност за работа во тим
-Комуникативна и адаптибилна личност
-Познавање на Microsoft office ќе се смета за предност
-Толерантна личност која е подготвена да работи во мултикултурна средина
-Вештини за позитивна и ненасилна комуникација со деца и младинци

 

Доколку сте заинтересирани, ве молиме јавете се на 071 373 302 или испратете кратка биографија на ljupco.trifunovski@sos.org.mk

Крајниот рок за пријавување е  31.01.2022