Тип на донација
Сума

или

5 јули 2021

ДЕНОТ НА СОС ДЕТСКИ СЕЛА

Оваа сабота по еднонеделно одложување поради високите температури го прославивме Денот на СОС Детските села. Овој пат и времето беше на наша страна, и во прекрасна атмосфера во срцето на Градскиот Парк во Скопје имавме можност да уживаме и да се радуваме на сите интересни активности кои беа подготвени за децата.

Танцувавме и ги гледавме на големиот видео бим песничките на Стела и Сани. Добрата забава несомнено се потврди и со интересната куклена претстава на Војче Китановски и Валентин Георгиевски, а силен аплауз добија и волшебните “финти“ на магионичарот Кристијан.

Голема благодарност изразуваме на сите наши стратешки партнери и поддржувачи Нептун, Реплек, Шпаркасе банка, Макпрогрес, Јуте и Сани и Стела што и овој пат беа со нас.

На крајот како што е редот за секоја роденденска забава, се почастивме со парче торта и дувнавме 20 свеќички за нашиот Јубилеен роденден.

Последни вести: