Тип на донација
Сума

или

1 април 2021

Носење маски може да биде забавно

Денес заедно со нашиот стратешки партнер ИутеКредит, по повод 1 ви Април денот на шегата под мотото Носење маски може да биде забавно,  го одржавме традиционалниот маскенбал и внесовме ведрина, смеа и разиграност кај децата.

Маскембалот се одржа во дворот на СОС Детско Село каде што се забавуваа 50 деца под строго контролирани услови и протоколи на отворено. За детските насмевки се погрижи тимот на ИутеКредит, кој обезбеди професионална фото опрема и голем број на реквизити со кои се забавуваа децата и се направија фотографии кои ќе можат да ги веселат во наредните денови.

Живеењето и работењето во 2020 и 2021 година, во услови на светска пандемија, не засегна сите и професионално и приватно. Допре во секоја сфера на нашето живеење, но најмногу во клетката на нашето живеење – нашите семејства, нашите блиски и нашите колеги.

За СОС Детско Село приоритет се над 590 деца, млади и семејства на кои им треба нашата и вашата помош и поддршка. Со денешната акција на носење првоаприлски маски, сликање, дружба и интерактивни активности организирана од страна на  ИутеКредит, бар за кратко внесовме ведрина, смеа и разиграност кај децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско Село.

“Активното учество во опшеството е една од нашите вредности, и сакаме со личен белег да придонесеме за квалитетот на живеењето на младите. Посебно во услови на социјална дистанца, менталното здравје е она на кое треба да се посвети особено внимание,  оваа година а можеби и следната. А преку смеа и ведар дух сме еден чекор поблиску кон подобрување на менталното здравје. Се надеваме дека успеавме да направивме нешто интересно и носењето маски да го претвориме во забава.“- изјави Елена Глигоровска Директор за корисничко искуство во ИутеКредит.