Тип на донација
Сума

или

24 декември 2020

ДОНАТОРСКИ НАСТАН „ЕДНО СЕМЕЈСТВО”

Вистинска привилегија е што и нашата држава преку СОС Детско Село е дел од големото интернационално семејство, кое во 136 земји во светот работи и е посветено на помош и поддршка на најранливите – ДЕЦАТА. За жал сеуште во целиот свет најзагрозени се децата и нивните права, но и ние овде во Македонија, сплотени како ЕДНО СЕМЕЈСТВО, работиме посветено за ТОПОЛ ДОМ И ГРИЖА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.

Успехот на СОС Детско село и успехот на многу деца и младинци како и на многу родители од ранливи категерии би бил некомплетен без поддршката и солидарноста на бројни партнери, донатори и соработници од корпоративниот сектор и индивидуални донатори. Благодарение на нивната несебична поддршка СОС Детско село веќе 19 години ги менува животите на децата и младинците и семејства во ризик.

Живеењето и работењето во 2020 во услови на светска пандемија не засегна сите нас, и професионално и приватно и не допре во секоја сфера на нашето живеење. A најмногу во клетката на нашето живеење нашите семејства и нашите блиски и нашите колеги за кои здравјето и сигурноста ни беше прв приоритет.

ЗА СОС ДЕТСКО СЕЛО ВО 2020 ГОДИНА ПРИОРИТЕТ БЕА 590 ДЕЦА, МЛАДИ  И СЕМЕЈСТВА  НА КОИ ИМ ТРЕБАШЕ НАШАТА И ВАШАТА ПОМОШ И ПОДДРШКА.

Многу општествено-одговорните компании ја покажаа својата корпоративна филантропија со што дополнително овозможуваат 590 деца, младинци и семејствата во ризик, веќе 19 години, да ја живеат својата иднина. По повод Светскиот ден на човечката солидарност, СОС Детско село го организираше традиционалниот настан „Едно семејство“, на кој несебично се заблагодари за солидарноста и поддршката од корпоративните и индивидуалните донатори. Компании кои низ годините соработуваат со СОС Детско село во една партнерска врска и заеднички реализираат проекти, спроведуваат активности, донираат средства, време и ресурси  за постигнување на заедничките цели –  топол дом и грижа за секое дете, квалитетно образование и работа што ќе овзможи стбилност и сигурна иднина .

Оваа година, Статуетка за Најголем корпоративен донатор добија Пивара Скопје, Осигурување Македонија и Агенцијата за електронски комуникации.

Плакети за значаен придонес и поддршка добија компаниите Кап Карго, Пакомак, Хуссе-Кордеа, Гранит, Битолска Млекара, Алкалоид АД Скопје, Тулбе БВ, Форма, Фармахем, Унија Финансиска, Еко Мозаик, Макпрогрес, АД Др Пановски.

Новина / иновација во Општествено Одговорните Практики на компаниите е поттикнување на индивидуалната филантропија при што компаниите преку нивните комуникациски канали ја споделуваат каузата на СОС Детско село и повикот за хуманост до нивните вработени и до пошироката јавност.

Плакета за поттикнување индивидуална филантропија добија ЈП Водовод и канализација Македенија и ВЕРО Маркети. За поттикнување филантропија кај вработени плакета добија Шпаркасе Банка и Илинка Захарчева Буддс – Google. 

Благодарница за придонес и поддршка во 2020 година добија Везе шари, Комисија за хартии од вредност, Бест Веј, Аптив, Аптека Ани Фарм, Мебел Ви, Шортлист ЛЛЦ, Тиан Де, Перутнина Птуј, Боград Струга, Бе-Да Логистик, Тетекс Ад Тетово, Експекта Медикал, Дабар Дооел, Пекабеско АД, Вато Доо, Цилиндо Интернационал, Блиц Инженеринг и Салекс ИНГ.

Клучната работа на СОС Детско село е грижа и овозможување поддршка на децата и млади без родители и родителска грижа. Тоа е активност која се одвива во континуитет, без престан, секој ден, недела, месец… и така 19 години. Работа која не може да застане, да престане, да се откаже.Токму поради тоа секој оној што ја препознава важноста на одржливоста на работата на СОС Детско село постанува посветен донатор. Донатор кој секој месец,  во континуитет, непрекинато ги помага децата и младинците од СОС Детско село и претставува силен генератор на нашиот успех.

ПЛАКЕТА за најголем посветен индивидуален донатор за 2020 година добија

Марија Челебиева, Марија Цветановска, Марио Ристовски , Анита Силановска и Мартин Гегоски.

ПЛАКЕТА за најголем индивидуален донатор за 2020 година добија Варвара Стојановска Чукиќ, Јулијана Пецовска, Членови на Православната Црква Свети Климент во Диарборн – Мичиген, Кристиан Тимоние , Стефани Неделкова , Лоди Гоговска и Снежана Кимова.

СОС Детско село преку програмата за грижа, советување и менторство за млади, во рамките на настанот “Едно Семејство” организираше и продажна изложба на делата на Мартин Буровски како можност за поддршка на младиот и надежен уметник во развој на неговата професионална кариера.  На настанот  беа изложени 12 продажни уметнички дела и компаниите и индивудуалците несебично го поддржаа младиот уметник и упатуваме посебна благодарност до Пакомак, Винарија Тиквеш, Веро Маркети, ЈП Водовод и Канализација Македонија, Пивара Скопје како и Симона Димитрова и Силвана Ивановска кои купија уметнички дела.

Солидарноста и љубезноста кон другите е најдобрата човечка особина, таа не разбира јазик, таа не разбира граници или религии таа почива на нашата универзална вредност- човечноста. Да работиме сите заедно на тоа да сите деца и млади, живеат во општества каде што сите ќе имаат право на подеднаква среќа и да се стремиме колективната среќа и љубов на заедницата да биде неизоставен порив на секој човек И СЕКОЕ ДЕТЕ ДА ИМА СВОЈ ТОПОЛ ДОМ, СЕМЕЈСТВО И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА И ЉУБОВ!