Тип на донација
Сума

или

baranje na ponuda

4 септември 2020

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

1       Контекст и позадина

1.1       За СОС Детско Село

СОС Детско Село Северна Македонија е член на глобалната организација составена од 118 национални здруженија СОС Детски Села, кои работат во повеќе од 2500 програмски локации ширум светот. Работиме заедно со единствена визија: секое дете припаѓа на семејство и расте со љубов, почит и безбедност. Обезбедуваме услуга за алтернативна грижа за деца кои ја загубиле родителската грижа и работиме со ранливи семејства и заедници за да им помогнеме да се зајакнат и да спречиме напуштање на децата (услуга за зајакнување семејство, ЗС).

1.2       Опис на програмската локација

СОС Детско Село Северна Македонија е национално здружение на граѓани кое е основач на приватна установа за социјална заштита и социјална превенција. Дејствува на национално и локално ниво. Приватната установа е лоцирана во општината Гази Баба, како дел од Град Скопје и нуди различни социјални услуги за деца без родители и родителска грижа, понудени во различни општини во град Скопје, како што се: поддршка на деца во 14 згрижувачки семејства, услуги за алтернативна грижа за 28 млади луѓе во 4 станбени единици за живеење со поддршка во 3 општини Гази Баба, Бутел и Карпош, со цел да обезбеди нивна социјална и финансиска независност; Советодавни услуги за 240 деца и родители во социјален ризик во општините Гази Баба и Шуто Оризари за зајакнување на родителството и квалитетна грижа за децата

Во моментов, организацијата имплементира национален проект за економско зајакнување на младите луѓе во 4 градови во државата (Скопје, Битола, Прилеп и Тетово). Дополнително на социјалните услуги на локација на град Скопје, организацијата работи за да го подобри системот за социјална заштита на национално ниво преку промовирање јавни политики, усовршување на стручни лица во системот за социјална заштита, истражување и анализа и залагање за целната група.

1.3       Позадина и општа цел на проценката на потреби

Проценката на потреби има за цел да обезбеди објективна анализа на потребите на целната група и постоечките засегнати страни на територијата на планскиот регион Скопје. Проценка на потреби се спроведува периодично, еднаш на секој програмски циклус (на пр. на секои 3-5 години, во согласност со СОС Пристапот на управување врз основа на резултати). Наодите од анализата служат како насоки на персоналот на СОС Детско Село за тоа дали организацијата е најдобро позиционирана заинтересирана страна да одговори на потребите на целната група и заедницата. Истовремено анализата обезбедува ажурирани информации за контекстот и најважните потреби на целната група. Дадените препораки во извештајот за проценка на потребите се од суштинско значење за развој на прилагодени услуги и интервенции за целната група на СОС Детско село.

2 Општи информации за барањето за понуди

Понудувачите можат да ги достават своите понуди за проценка на потреби на локација плански регион Скопје. Овој повик е отворен за сите независни консултанти и компании, физички и правни лица со капацитети да ги обезбедат бараните услуги. Сите трошоци за аплицирање на повикот се на товар на понудувачот; трошоците за понудата не можат да бидат вклучени како директен трошок за ангажманот. Понудата и сите дополнителни документи треба да бидат доставени на македонски јазик. Финансиската понуда треба да биде изразена во денари.

2.1       Процес на доставување понуди

Ако сте заинтересирани за доставување понуда, ве молиме контактирајте ја: Marija.Tomasevska@sos.org.mk за да го добиете документ со описот на задача (ОЗ) кој ќе ви даде детали и насока за подготовка на понудата.

 

Доставувањето на понудата, со уреден печат и потпис, затворени во коверт да се достават лично или по пошта на поштенска адреса: ул. Ристо Шишков 31, 1000 Скопје.

Понудата опфаќа два документи и истите треба да бидат јасно насловени:

  1. Техничка понуда за проценка на потреби во плански регион-Скопје од „назив на компанија/консултант“ и
  2. Финансиска понуда за проценка на потреби во плански регион-Скопје од „назив на компанија/консултант“.

 

Ве молиме осигурете се дека техничката и финансиската понуда се запечатени во посебен затворен плик. Во текот на процесот на евалуација, прво ќе бидат отворени и евалуирани техничките понуди. Финансискиот дел од оние понуди кои ќе влезат во потесен круг по евалуацијата на техничките понуди ќе биде отворен како втор чекор.

2.2       Потребни документи

  • Формулар за доставува на понуда / идентификација
  • Формулар со претходно искуство
  • Ценовник (да биде запечатен во затворен плик или во посебен ПДФ документ)
  • Техничка понуда
  • Кратка биографија од членот(овите) на истражувачкиот тим
  • Три референци (најмалку две од нив треба да бидат сродни со вашата работа)
  • Пример од неодамнешен/релевантен извештај (ако е достапен за јавна употреба)

2.3       Краен рок за поднесување

Понудата треба да биде добиена најдоцна до 20 септември 2020 година, до крај на ден. Понудите добиени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

2.4       Измена и повлекување на понуди

Понудите можат да бидат повлечени со писмено барање пред датумот на затворање на овој повик. Сите корекции или измени мора да бидат добиени пред датумот на затворање. Промените мора да бидат јасно наведени во споредба со оригиналната понуда. Неуспехот да се стори тоа ќе биде на ризик на понудувачот.

2.5       Потпишување на договорот

СОС Детско Село Северна Македонија ќе го информира успешниот понудувач по електронски пат и ќе му го испрати договорот во рок од 3 недели по затворање на крајниот рок за поднесување на понуди. Успешниот понудувач ќе го потпише договорот и ќе стави датум, и ќе го врати на СОС Детско село Северна Македонија во рок од пет календарски дена од прием на договорот. Откако договорот ќе се потпише од двете страни, успешниот понудувач ќе ги достави услугите во согласност со распоредот за доставување наведен во понудата.

2.6       Права на СОС Детско село:

  • да контактираат некоја или сите референци дадени од понудувачот(ите);
  • да побараат дополнителни придружни или дополнителни податоци (од понудувачот(ите));
  • да договори интервјуа со понудувачот(ите);
  • да одбие некоја или сите доставени понуди;
  • да ги прифати кои било понуди во целост или делумно;
  • да преговара со давателот(ите) на услуга кој има најдобар рејтинг/ е најдобро рангиран, т.е. оној(оние) кој дава целокупна понуда(и) со најдобра вредност;
  • да се договори со онолкав број на кандидати колку што е потребно за да се постигнат целокупните цели на евалуацијата

2.7       Евалуација на понуди

По отворањето, секоја понуда ќе биде прво евалуирана според нејзиниот технички квалитет и усогласеност, а потоа и според нејзината цена. Понудата со најдобра целокупна вредност, составена од техничка предност и цена, ќе биде разгледана за одобрување. Техничката понуда се евалуира врз основа на нејзината соодветност со описот на задачи (ОЗ). Од понудувачите може дополнително да биде побарано да обезбедат дополнителни информации до СОС Детско Село за понудените услуги.

 

Критериумите за избор се:

  • Метод: понудениот методологија за евалуација на програмата е соодветен
  • Распоред/план за работа: Распоредот/планот за работа е реален и ги задоволува потребите на програмата
  • Цена: Цената на понудата е разумна и остварлива, со оглед на другите аспекти на понудата
  • Искуство: Експертизата и искуството на консултантите во евалуации и препораките од организации за кои консултантот(ите) претходно работеле