Тип на донација
Сума

или

27 август 2020

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

СОС Детско село Северна Македонија е здружение на граѓани кое е членка на големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развој на социјални услуги од областа на социјална заштита но и унапредување на јавните политики и остварување на детските права.

Со цел поддршка на системот на социјална заштита во креирање на услови за лиценцирање и воспоставување на социјални услуги, огласува: 

 

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

 

1.Вид на услуга:

  • Изработка на Правилник за услуги на советување согласно Закон за социјална заштита (Службен весник на РСМ бр. 104/19, 146/19, 275/19);
  • Изработка на Правилник за услуга на привремен престој (Куќа на пола пат, која обезбедува помош, поддршка и подготовка за самостојно живеење на лица кои претходно биле под вон-семејна заштита, немаат свој дом или услови за живот во својот дом, заради нивна реинтеграција во општеството).

2.Карактеристики кои треба да ги поседува консултантот/ите, правно или физичко лице кои ќе биде вклучено во консултантските услуги:

  • Компетентност во областа на социјалната заштита и законска регулатива;
  • Добри олеснувачки и интерперсонални вештини;
  • Искуство во спроведување на методи за собирање и анализа на податоци;
  • Силни вештини за координирање на тимска работа;
  • Силни аналитички вештини;
  • Одлични писмени комуникациски вештини;
  • Способност за трансфер на сложени концепти и идеи во практичен и едноставен јазик;
  • Успешно владеење на англиски јазик.

3.Рок за спроведување на услугата e 15 октомври 2020 година.

4.Дополнителни информации:

Доколку сте заинтересирани за доставување на понуда, пратете e-mail на: mario.jancev@sos.org.mk со барање за достава на „Terms of Reference“ или „Услови на повикот“, во кои се опишани деталите за консултантската услуга и начинот на аплицирање.

5.Рок за достава на понуди е: 06 септември 2020 година.