Тип на донација
Сума

или

28 јули 2020

Конкурс за волонтери

СОС Детско село има потреба од волонтери за поддршка на активностите со децата и младите, од семејствата кои живеат во социјален ризик, на 2 различни локации на територија на град Скопје:

  • 2 волонтери за Советувалиште за родители и деца Гази Баба и
  • 2 волонтери за Советувалиште за родители и деца Шуто Оризари

Ангажманот за волонтери на СОС Детско село има за цел да им овозможи пристап на училишните деца во социјален ризик, до дополнителна образовна поддршка, преку:

  • Индивидуални или групни средби со децата за пишување на домашни задачи;
  • On-Line поддршка во изучување на наставниот материјал;
  • Едукативни работилници за деца и млади;
  • Советувања за редовност на училиште;
  • Организирање и распределба на хуманитарни пакети на семејства во социјален ризик;
  • Сите активности на СОС Детско село се реализираат според претходно изработени протоколи за заштита од Ковид 19. Придржувањето кон протоколите за заштита е задолжително и следено од одговорните лица.

Заинтересираните кандидати треба да поседуваат:

  • завршено образование од областа на општествени науки (одделенска настава, педагогија, психологија, социјална работа, дефектологија, семејни студии);
  • желба и мотивација за работа со ранливи категории лица
  • ефективни комуникациски вештини
  • основни вештини за информатичка технологија (Word, Excel)
  • проактивност, иницијативност, креативност
  • афинитет за тимска работа
  • транспарентост, одговорност и отчетност

Предност ќе имаат оние кандидат(к)и кои:

  • имаат искуство во работа со ранливи категории лица (деца и млади);
  • имаат искуство во работа во граѓански сектор;
  • обука од областа на човековите права
  • имаат искуство во работа во НВО сектор

Ако го прифатите волонтерскиот ангажман ќе добиете повеќе можности:

  • да давате директна поддршка на деца и млади во социјален ризик;
  • личен и професионален развој преку вклученост на работилници и обуки;
  • креативен ангажман во соработка со стручни тимови составени од искусни и лиценцирани професионалци;

Вкупниот број на часови за волонтирање во работната седмица изнесува 20 часа. За ангажманот ќе добиете нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз во износ од 5.617,00 денари, согласно волонтерскиот договор. Временската рамка за реализација на активностите е 12 месеци, започнувајќи од 09.2020, заклучно 12.2021 година.

Доколку сакате да станете дел од СОС Детско село, испратете ни:

  1. кратка биографија во која ќе ги наведете претходните волонтерски активности, како и формалното образование и обуките кои ги имате поминато;
  2. индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде што сте го стекнале претходното волонтерско искуство, доколку имате.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за волонтер /ка испратете ги на адресата julijana.shumkoska@sos.org.mk најдоцна до 14 август 2020 година (петок).

Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете и телефон и e–адреса за контакт. Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 10 дена по затворање на конкурсот.