Тип на донација
Сума

или

25 јуни 2020

Конкурс за волонтери

Потребни ни се волонтери за поддршка на активностите со децата и младите, на неколку различни локации на територија на град Скопје, каде што функционираат нашите СОС програми (Програма за зајакнување семејства, Програма за поддршка на згрижувачки семејства и Програмата за грижа на млади).

Ангажманот за волонтери на СОС Детско село има за цел:

  • да им даде можност на младите лица да даваат директна поддршка на деца и млади во социјален ризик и деца и млади без родителска грижа;
  • да им овозможи личен и професионален развој преку вклученост на работилници и обуки;
  • да им понуди креативен ангажман во соработка со стручни тимови составени од искусни и лиценцирани професионалци;

Доколку сакате да бидете волонтер  во СОС Детско село, треба да имате:

  • завршено образование од областа на општествени науки (педагогија, психологија или социјална работа;
  • желба и мотивација за работа со ранливи категории лица
  • ефективни комуникациски вештини
  • вештини за информатичка технологија (Word, Excel)
  • проактивност и иницијативност
  • афинитет за тимска работа
  • транспарентност, одговорност и отчетност

Предност ќе имаат оние кандидат(к)и кои завршиле:

–  обука од областа на човековите права

–  имаат искуство во работа во НВО сектор

  • Избраните волонтери педагози ќе помагаат во спроведување на дополнителна образовна поддршка за згрижени деца и млади и деца во социјален ризик, ќе помагаат во спроведување на едукативни работилници за деца и млади, советувања за редовност на училиште, поддршка на предучилишни деца за нивна подготовка за успешно вклучување во редовно основно образование;
  • Избраните волонтери психолози ќе помагаат во советување на корисниците (децата, младите и родителите) за справување со предизвиците поврзани со Пандемијата Ковид 19; ќе даваат поддршка во јакнење на семејствата и младите во социјален ризик преку средби, работилници, советувања; ќе помагаат во спроведување на психо-социјални работилници, креативни и социо-културни активности;
  • Избраните волонтери социјални работници ќе помагаат во информирање на корисниците за користење на владини мерки, упатување во соодветни институции за остварување на права од областа на социјалната заштита, поддршка во организирање и дистрибуција на донации хуманитарни пакети;

Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата изнесува 20 часа.

Волонтерот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз согласно волонтерскиот договор.

Доколку сакате да станете дел од СОС Детско село, испратете ни:

  1. кратка биографија во која ќе ги наведете и активностите кои сте ги спровеле како волонтер/ка или активист/ка, како и формалното образование и обуките кои ги имате поминато,
  2. индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде што го стекна претходното волонтерско искуство, доколку имате.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за волонтер /ка испратете ги на адресата ljupco.trifunovski@sos.org.mk најдоцна до 01 Јули 2020 година.

Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете и телефон и e–адреса за контакт. Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 10 дена по затворање на конкурсот.

 

Ве очекуваме!