Тип на донација
Сума

или

3 април 2020

ЈП Водовод и канализација – Скопје со поддршка за СОС Детско село

Сега, повеќе од кога и да е, на децата им е потребно чувство на сигурност

ЈП Водовод и канализација – Скопје со поддршка на децата и младите од СОС Детско село

04.03.2020, Скопје – Корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје овие денови заедно со мартовската сметка за вода ќе добијат и писмо со кое ги повикуваме по пат на доброволно донирање да ги поддржат децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик за кои СОС Детско село се грижи веќе 19 години.

За Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село, ваквата активност покажува дека ЈП Водовод и канализација – Скопје е една од компаниите кои и во време на криза и вонредни околности, покажува добра општествена практика.

„Благодарни сме на оваа акција, која во овие тешки моменти за сите нас, ни дава надеж дека хуманоста и солидарноста опстојуваат, а луѓето и компаниите се покрај нас и продолжуваат да ни помагаат и да не поддржуваат. Она што останува непроменето е дека со помош на донаторите СОС Детско село ќе продолжи со реализација на планираните активности и во овој период, но со посебен фокус на здравјето на децата и младите, едукација во однос на коронавирусот и како да се заштитат од него, онлајн обуки и  обезбедување на можности за спроведување на тоа, како и материјална поддршка на семејствата во социјални ризици во храна и хигиенски средства’ “, вели Јулијана Накова Гапо.

Со оваа акција, ЈП Водовод и канализација – Скопје се придружи на СОС Суперхероите и ја поддржа нашата заложбата „Ниту едно дете не треба да расте само“.

„Уверени сме дека љубовта и грижата се неопходни за среќно и безгрижно детство, како што е водата за животот и затоа Ве повикуваме и Вас да ги поддржите оние на кои помошта им е најпотребна” – велат од ЈП Водовод и Канализација  – Скопје.

Само заедно можеме да создадеме подобро општество за сите. Создадете и Вие капка среќа и капка љубов за децата и младите од СОС Детско село и донирајте онлајн на https://sos.org.mk/sos-superheroi/ или со следење на упатствата на задната страна од додатокот на мартовската сметка за вода. Останете дома и продолжете да се придржувате на препораките издадени од Министерството за здравство за доброто на сите.