11 февруари 2020

Отворен оглас – Советник за изработка на проекти

СОС Детското село е Здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село Македонија огласува слободно работно место на определено време од три  години со можност за продолжување на неопределено време:

 

СОВЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТИ  

 Опис на работата:

Советникот за изработка на проекти ги идентификува можностите за пристап до проекти во државата и странство, во области блиски до програмските активности на СОС Детско село, ги гради капацитетите во областа на менаџирање на проектен циклус, ги почитува важечките стандарди, насоки и политики на СОС Детско Село Интернационал и СОС Детско село, а исто така ги промовира брендот, визијата, мисијата и целите на организацијата.

  • Ги прегледува релевантните можности за грантови (дадени од страна на институционалните донатори) и ги поврзува со потребите на СОС Детско село
  • Го управува процесот на подготовка на проект и доставување до релевантни даватели на грантови во согласност со барањата на донаторот и СОС стандардите и политиките
  • Директно е вклучен во сите фази од менаџирањето на проектите од идентификација до евалуација
  • Го следи процесот на употреба на грантот, во смисла на мониторинг, известување и евалуација, и проверува дали овие процеси се во согласност со барањата на институционалниот донатор
  • Гради и одржува мрежа со соработници, организации и институции, во правец на воспоставување на долготрајни партнерства за проекти за јавни фондови
  • Учествува на настани и активности  на локално и меѓународно ниво
  • Ги применува сите задолжителни алатки и насоки од страна на Регионалната канцеларија во областа на јавните фондови
  • Придонесува за подигање на свеста за принципите на СОС политиката за заштита на децата и за спречување и заштита на децата од сите форми на злоупотреба, напуштање, експлоатација, насилство и дискриминација

 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од општествени, психо-социјални и образовни науки (предност психологија, педагогија, социјална работа и политика)
  • Работно искуство од минимум 3 години од изработка на проекти во релевантната област
  • Работно искуство во управување со проекти, планирање, следење и евалуација
  • Претходно искуство со граѓански организации
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија предност
  • Вештини и знаење за работа со компјутерски апликации (Windows, MS Office).

 

Дополнителни критериуми (вештини):

  • Мотивација за работа во хуманитарна организација и интернационална мрежа
  • Добро познавање на стандардите, политиките и регулативата за алтернативно згрижување на деца и млади, развојот во психо-социјалните области и социјалната заштита;
  • Добро познавање на стандарди, политики и практики за социјална превенција на деца и млади во ризик од губење на родителската грижа;
  • Познавање на човековите права и пристапите во развојот на програмите засновани на човекови права;
  • Напредно познавање на детските права;
  • Силни комуникациски вештини;
  • Организациски и вештини за планирање;
  • Способност да се справува во работа под притисок;

 

Работни услови:

  • Работа на определено време во период од 3 години со можност за продолжување на неопределено време;
  • Работно време 8 часа од понеделник до петок;
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (учество на конференции на меѓународно ниво, обуки за професионален и личен развој, активности за јакнење на тимот);

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 23.02.2018 на e-mail: kariera@sos.org.mk