23 декември 2019

Отворен оглас-Правник

Приватната установа СОС Детско село Скопје која обезбедува топол дом и грижа за деца и млади без родители и родителска грижа и прави и превенција на деца и младинци од губење на грижата на своите биолошки родители објавува 1 (едно) работно место на определено време:  

 

ПРАВНИК

Опис на работата:

Правникот е одговорен за следење на законските прописи и нивна имплементација со цел законско работење на установата. Правникот е одговорен за усогласување на актите на установата согласно законски прописи и нормативи.

Главни задачи:

  • Ги следи и проучува сите законски промени за истите да ги имплементира, односно усогласи со општите акти на установата;.
  • Подготвува информации, анализи, мислења и извештаи за прашања поврзани со имплементација на измени на законски и подзаконски прописи и дава препораки;
  • Учествува во имплементирањето на законските и подзаконските акти и учествува во подготовка на измени и дополнување на интерните акти;
  • Подготвува процедури и упатства за спроведување на законите и подзаконските акти во установата и обезбедува правна помош на други единици во воспоставување на процедурите;
  • Ги изготвува и/или ги проверува правните акти кои се носат на ниво на установата согласно дејноста ( одлуки, потврди, правилници, договори, решенија, спогодби);
  • Изработува одговори на жалби и приговори во согласност со важечките прописи;

Изготвува, прибавува и доставува соодветна документација од и до државните институции согласно законските одредби;

  • Изработува општи акти согласно Статутот на Установата, законските прописи и истите навремено ги усогласува со промените на законот, со одлуки на Влада, одлуки на МТСП на РМ, и други релевантни институции;
  • Учествува во подготвување на правни документи за раководството на Установата и други материјали кои произлегуваат од заклучоци на работни групи и тела;
  • Учествува во изработка на документи за потребите на седниците на Управниот Одбор на Установата;
  • Изработува тримесечни и годишни извештаи за својата работа;

Квалификации:

  • Завршено високо образование Правен факултет
  • Работно искуство од најмалку 3 години во граѓанско право
  • Работно искуство во областа на социјална заштита ќе се смета за предност

Потребни компетенции :

  • Развиени вештини за деловно комуницирање и коресподенција
  • Професионален однос кон интерни и екстерни клиенти
  • Развиени вештини за работа во тим
  • Добро управување со своето време и ефикасно управување со ресурсите
  • Флексибилност и лесно адаптирање на промени
  • Високо ниво на дискреција и доверливост
  • Познавање на детските и човековите права
  • Познавање на регулативата од социјалната заштита и мерките за поддршка на ранливи категории на граѓани.
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Солидно знаење на англиски јазик
  • Валидна возачка дозвола Б категорија

 Работни услови: 

  • Работа на определено време – 12 месеци со можност за продолжување
  • Работа од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
  • Континуирани можности за професионален и личен развој

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до  26.12.2019 на e-mail: kariera@sos.org.mk.