30 октомври 2019

Конкурс за волонтери

Програмата за волонтери на СОС Детско село има за цел да им даде можност на невработените/млади лица да се развиваат и да градат искуство така што ќе станат дел од секојдневните програмски активности од областа на социјална превенција и социјална заштита на 4 различни локации на територија на град Скопје, Општина Гази Баба, Општина Бутел, Општина Карпош и Општина Шуто Оризари.

Доколку сакате да бидете волонтер  во СОС Детско село, треба да имате:

  • завршено образование од областа на педагошки науки (одделенска или предметна настава), педагогија, дефектологија или социјална работа.
  • одлично познавање на македонскиот јазик
  • изградени комуникациски вештини
  • изградени вештини за информатичка технологија (Word, Excel, PowerPoint, социјални медиуми)
  • навремено да ги исполнувате зададените задачи

Предност ќе имаат оние кандидат(к)и кои завршиле:

–  обука од областа на човековите права

–  имаат искуство во работа во НВО сектор

Избраниот/та волонтер/ка ќе помага во спроведувањето на активностите поврзани со образовната поддршка за згрижени деца и млади или деца во социјален ризик  и така ќе стекнува соодветно искуство и знаење.

Волонтерот/ката ќе волонтира на активности со цел постигнување на подобар образовен учинок  на децата и младите  од програмските единици на СОС Детско село.

Волонтерот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторите  на програмските единици.

Предвиденото време за волонтирање е пет дена во работната недела од 12.30/13.30 до 16.30/17.30 часот или од 15.30/16.30 до 20.30/21.30. Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата изнесува 25 часа.

Волонтерот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз во износ од 4.923,00 денари.

Доколку сакате да станете дел од СОС Детско село, испратете ни:

  1. кратка биографија во која ќе ги наведете и активностите кои сте ги спровеле како волонтер/ка или активист/ка, како и формалното образование и обуките кои ги имате поминато,
  2. индивидуална препорака од одговорно лице во здружението каде што го стекна претходното волонтерско искуство, доколку имате.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за волонтер /ка испратете ги на адресата irena.dodevska@sos.org.mk најдоцна до 07 ноември 2019.

Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете и телефон и e–адреса за контакт. Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.