2 јули 2019

Годишна седница на Генералното собрание на СОС Детско село

На 27.06.2019 година се одржа редовната годишна седница на Генералното собрание на СОС Детско село.

Седницата ја водеше претседателот на Управниот одбор, Г-ѓа Зорица Серафимовска Арсовска.  Пред членовите на Генералното собрание беа презентирани клучните активности кои ја одбележаа работата на здружението во 2018 година. Посебен фокус беше ставен на Ревизорскиот извештај подготвен од страна на ревизорската куќа Grant Thornton кој е позитивен и без забелешки.  Годишниот извештај за работата на Здружението, како и извештајот за финансиското работење за 2018 година Собранието едногласно го усвои и донесе одлуки за усвојување и на завршната сметка и ревизорскиот извештај за 2018 година.

На оваа седница на Генералното собрание, беше избран и новиот состав на Управниот одбор со мандат до 2022 година. Славица Спироска е избрана за нов претседател на Управниот одбор, Александар Трајковски е новиот потпретседател, а за членови се избрани  Иван Трајков, Сузана Андреев, Филип Ивановски, Дамир Ќориќ и Caroline Taylor.

Претставникот на СОС Детски села Интернационал, г. Дамир Ќориќ, во оваа прилика врачи признанија за долгогодишна поддршка и посветеност на мисијата на СОС Детско село како претседател на Управниот одбор (2013-2019), на г-а. Зорица Серафимовска Арсовска и како потпретседател на Упрвниот одбор на Д-р. Иван Двојаков.

Здружението на граѓани СОС Детско село Македонија на седницата на Генералното собрание, согласно уставните промени на Република Северна Македонија, го промени името во “Здружение на граѓани СОС Детско село Северна Македонија”. Краткиот назив кој ќе биде во употреба е СОС Детско село.