13 јуни 2019

Воспитувач (Социјален работник)

СОС Детско село Скопје во склоп на единиците за организирано живеење со поддршка обезбедува грижа за млади на возраст од 14-18 години кои се насочуваат кон независност и самостоен живот. Грижата за младите се реализира со 24 часовна грижа од соработници.

 

За реализирање на грижата и поддршката на младите, СОС Детско село Скопје објавува оглас за (3) работни места:

 

Воспитувач (Социјален работник)

 

Опис на работата:

 

  • Воспитувачот поддржува и насочува млади на возраст од 14-18 години без родителска грижа во нивниот развој кон независност и автономија во согласност со принципите и барањата на СОС моделот и конвенција за правата на децата на ОН.
  • Воспитувачот е одговорен за индивидуално водење на млади како главно лице за грижа преку водење на развојно планирање, советување, емоционална поддршка, воспитување, организација на слободни активности, следење на училишните и вон училишните активности, поддршка при професионална ориентација и обезбедување работа, организација на контакти со биолошки сродници.
  • Воспитувачот дава поддршка на младите во грижата за себе: исхрана, одржување на лична хигиена, обезбедување на облека, нега и грижа за здравјето, располагање со пари.
  • Воспитувачот е одговорен да ги обезбеди правата и услугите кои може младите да ги користат во системот на социјална заштита.
  • Воспитувачот е одговорен за личните документи на корисникот и стручната документација (досието).
  • Воспитувачот ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.

 

 

Потребни квалификации:

 

  • Завршени студии од Социјална работа и политика
  • Искуство во работа со адолесценти (најмалку 1 година професионално искуство)
  • Да има општа здравствена способност за работното место
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност
  • Вештини во организација на активности кои го поттикнуваат развојот на младите
  • Вештини за работа во тим
  • Емоционална интелигенција, комуникациски и интерперсонални вештини
  • Емпатија, отвореност и толеранција кон различности
  • Добро познавање на детските и човековите права
  • Познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
  • Возраст над 30 години се смета за предност
  • Б категорија (се смета за предност)

 

Дополнителни компетенции:

 

  • Подготвеност за социјално родителување, односно висока мотивација да биде дел од животот на младите кои не се негови биолошки деца, прифаќање на младите со сите нивни индивидуални карактеристики и нивното минато, подготвеност за лично врзување со нив, подготвеност да ја прифати улогата на социјален родител и да обезбеди грижа за децата во ситуации на споделена одговорност со останати професионалци од програмата и системот на социјална заштита, подготвеност да ја разбере значајноста на биолошките родители и роднини во животот на детето;
  • Водење на личниот развој, односно способен е да направи баланс помеѓу професионалниот, личниот и социјалниот живот, да се грижи за психичкото и физичкото здравје, активно да учествува на супервизии, размени на искуства и идни тренинзи;

 

 

  • Капацитет да се справува со притисок способност да се работи под притисок, да ги следи поставените цели и да е смирен кога се соочува со тешки ситуации;
  • Подготвен да се справи со тешкотиите во однесувањето на децата, способен е да идентификува неадекватно однесување и реагира позитивно за да се справи со предизвиците во исто време нудејќи стабилна поврзаност и адекватна атмосфера за да се пронајде решение;
  • Делува согласно детските права, ги разбира и живее со детските права, СОС Политиката за заштита на децата и Kодексот на однесување, има способност да изгради здрава, почитувачка и толерантна врска со децата и младите, да им покаже поврзаност и да се однесува кон нив со почит со цел да се спречи било какво насилство или ризик.

 

Работни услови:

 

  • Работа на определено време (со можност на продолжување на неопределено);
  • Работа во смени (12 часовни / 8 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа за време на празници.

 

 

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 20.06.2019 на e-mail: kariera@sos.org.mk.