12 март 2019

Јавен повик за избор на адвокати и советници за психо-социјална поддршка

 

Проект: Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела

Проектот е финансиран од Европската Унија

Јавен повик
За избор на адвокати и советници за психо-социјална поддршка

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и СОС Детско Село Македонија, за
потребите од спроведување на проектот ”Правна поддршка на ранливи жртви на насилни
кривични дела” финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на
РСМ – Секторот за централно финансирање и склучување во рамки на програмата
Strengthening the impact of the civil society in effective justice sector reforms – IPA II 2014 –
EuropeAid/159467/ID/ACT/MK имплементиран од страна на двете организации, објавува
јавен повик за адвокати и советници за психо-социјална поддршка.
1. Опис и цели на проектот и сервисот за поддршка на жртви
Општата цел на овој проект е да го подобри пристапот до правда за жртвите на насилни
кривични дела преку воспоставување на национален сервис за правна и психо-социјална
поддршка. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1)
Зголемување на пристапот до правна помош и психо-социјална поддршка на деца, лица со
попреченост, стари лица и жени – жртви на насилни кривични дела; (2) Зајакнување на
капацитетите на адвокатите кои работат на заштита на жртвите на насилни кривични дела ,
и (3) Застапување за воспоставување на соодветен државно финансиран систем за правна
поддршка.
Основната активност на овој проект вклучува директна континуирана правна и психосоцијална поддршка која ќе се обезбедува на ранливи жртви на насилни кривични дела1.
Сервисот за поддршка на жртви ќе вклучува поддршка на три нивоа: (1) Обезбедување на
информации и совети поврзани со правни, финансиски и практични прашања и ризици за
понатамошна виктимизација; (2) Правно советување; и (3) Психо-социјална поддршка. Дали
жртвата ќе добие поддршка на сите три нивоа, или само на дел од нив ќе зависи од
специфичните околности на случајот, видот на кривичното дело, нивото на траума,
ранливоста, потребите и волјата на жртвата. Специфични целни групи за сервисот за
поддршка на жртви на насилни кривични дела се: деца, лица со попреченост, постари лица и

1 Листа на насилни кривични дела: Убиство, убиство на дете при пораѓање, наведување на самоубиство
и помагање во самоубиство, тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода,
киднапирање, силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете кое не наполнило 14 години,
обљуба со злоупотреба на положбата, задоволување на полови страсти пред други, посредување во
вршење проституција, прикажување на порнографски материјал на дете, производство и дистрибуција
на детска порнографија, намамување на обљуба или друго полово дејствие на дете кое не наполнило
14 години, родосквернавење, вонбрачен живот со дете, одземање дете, промена на семејна состојба,
напуштено неомоќно дете, запуштање и малтретирање на дете, семејно насилство, попречување и
неизвршување на заштитни мерки за малолетници, овозможување на употреба наркотични дроги, и
прекурсори, тешка кражба и кражба.
Проект: Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела
Проектот е финансиран од Европската Унија
жени. Сервисот ќе биде спроведуван од страна на координатори за правна и психо-социјална
поддршка и тимови од 16 адвокати и 8 стручни лица кои треба да бидат избрани преку овој
јавен повик.
Адвокатите и стручните лица, кои ќе бидат избрани како резултат на овој повик, ќе бидат
обучени и упатени за постапување со жртви на насилни кривични дела од страна на стручен
тим на експерти. Правната и психо-социјалната поддршка ќе се обезбедуваат согласно
правила и услови пропишани од страна на горенаведениот проект.
2. Работни задачи и потребни квалификации за адвокатите
А) Kомпетенции за работното место –знаења, вештини и способности:
– Да постапува навремено и професионално при обезбедување на правната помош на
жртвите на насилни кривични дела,
– Да ги утврди соодветно сите факти потребни за давање на правната информација или
совет во постојана комуникација со корисниците на нивните услуги, целни групи на
Проектот,
– Да ги идентификува релевантите прописи и по нивна анализа да обезбеди правна
информација или совет во усна/писмена форма до корисниците на нивните услуги,
– Да ги документира обезбедените услуги на правна помош на образец,
– Да ги почитува правилата и условите согласно кои се обезбедува правната поддршка
за жртви на насилни кривични дела,
– Да поднесува редовен месечен извештај за обезбедените услуги на правна помош;
– Да одржува редовна комуникација со тимот на Проектот, и
– Да поднесува редовен месечен извештај за евидентирање на работните денови.
Б) Дополнителни компетенции:
– Комуникациски вештини
– Познавање на законската регулатива од кривично правната материја и кривичната
постапка. Познавање на законската регулатива која се однесува на заштита,
спречување и превенција на семејно насилство и насилство врз деца ќе се смета за
предност.
– Емоционална интелигенција, комуникациски и интерперсонални вештини
– Емпатија, отвореност и толеранција кон различности и ранливи категории на лица
В) Потребни квалификации:
– Активна лиценца за вршење на адвокатска дејност,
– Посветеност кон заштита на човековите права, принципот на владеење на право и
заштитата на маргинализираните заедници, поткрепена со работа на поединечни
предмети, иницијативи и проекти,
Проект: Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела
Проектот е финансиран од Европската Унија
– Минимум 3 години работно искуство – претходно искуство во работа со жртви на
насилни кривични дела ќе се смета за предност,
– Одлично развиени и воспоставени социјални врски во нивните заедници на живеење
и извршување на адвокатската дејност,
– Познавање на говорен и пишан Англиски јазик,
– Компјутерски вештини, и
– Возачка дозвола, Б категорија.
3. Работни задачи и потребни квалификации за советниците за психо-социјална
поддршка
А) Kомпетенции за работното место – знаења, вештини и способности:
– Способност за препознавање и проценка на психолошката состојба на клиентот и
нејзината отпорност и спремност за промена;
– Вештини за осигурување на чувство на безбедност, физичка и емоционална
опуштеност и поддршка и зајакнување на клиентот во донесување на информирани
одлуки
– Вештини во планирање и организација на советодавна работа
– Вештини за тимско работење (ги поврзе клиентите со службите на компетентни
институции, членови од семејство, пријатели и значајни лица од социјалното опкружување
на клиентот)
– Комуникациски вештини (емпатија, активно слушање)
– Познавање на законската регулатива за социјална заштита и семејство
– Практикува пристап базиран на човекови права и не-дискриминација
Б) Дополнителни компетенции:
– Флексибилен кон работниот ангажман
– Стабилна и зрела личност, отворена и толерантна кон различни култури и ранливи
групи,
– Познавање на говорен и пишан Англиски јазик
– Компјутерски вештини
– Возачка дозвола, Б категорија
В) Потребни квалификации:
– Високо образование: Психологија, Социјална работа, Дефектологија, Психијатрија
– Едукација од советувалишна работа (се зема предност психотераписка едукација)
– Работно искуство со жртви на насилство (минимум две години професионално
искуство)
Проект: Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела
Проектот е финансиран од Европската Унија
4. Временска рамка
Работниот ангажман на 16-те адвокати ќе биде спроведен во рамки на 120 работни денови
(вкупно за сите адвокати заедно) во периодот од 2 години.
Работниот ангажман на 8-те советници за психо-социјална поддршка ќе биде спроведен во
рамки на 180 работни денови (вкупно за сите советници заедно) во период од 2 години.
5. Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со
поднесување на професионално CV на следната е-маил адреса:
– ЗА АПЛИКАЦИЈА ЗА АДВОКАТ: contact@myla.org.mk со назнака
„Апликација за адвокат”
– ЗА АПЛИКАЦИЈА ЗА СОВЕТНИК ЗА ПСИХО-СОЦИЈАЛНА
ПОДДРШКА: kariera@sos.org.mk со назнака „Апликација за советник
за психо-социјална поддршка”
Во прилог на CV-то, кандидатот/ката треба задолжително да достави и примерок/активен
линк од документите наведени во дел 2 и 3 од овој јавен повик.
Рокот за пријавување е до 14.03.2019 година, 16:30 часот.
Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од
МЗМП и СОС Детско Село Македонија. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од
постапката на селекција на кандидатите.