29 јануари 2019

Пoвик за собирање на понуди за психосоцијални услуги

СОС Детско село Скопје објавува повик до сите заинтересирани лица кои би сакале да ја поддржат грижата за децата без родителска грижа и да го зајакнат детскиот развој.

СОС Детско село Скопје има потреба од користење на услуги од надворешни соработници во областа на развојна, психосоцијална и едукативна поддршка на деца во грижа, згрижувачи и стручни работници кои поддржуваат деца во грижа и нивни семејства или деца во социјален ризик и нивни семејства:

I Обуки во областа на развојна, психосоцијална и едукативна поддршка

  1. Индивидуална психотерапија со дете.
  2. Психотерапија со згрижувачко семејство.
  3. Индивидуална супервизија / coaching со згрижувач.
  4. Индивидуална супервизија / coaching со стручен работник.
  5. Групна супервизија со згрижувачи (до 12 во група),  во траење од 3 часа.
  6. Групна супервизија со стручни работници (до 6 во група), во траење од 3 часа.
  7. Обука / едукативна работилница во траење до 4 часа во просториите на СОС Детско село Скопје.
  8. Обука / едукативна работилница во траење до 8 часа во просториите на СОС Детско село Скопје .
  9. Повеќедневна обука (еден ден во траење до 8 часа) надвор од Скопје

II  Обуки во областа на меки вештини и менаџирање

  1. Обука / едукативна работилница во траење до 4 часа во просториите на СОС Детско село Скопје.
  2. Обука / едукативна работилница во траење до 8 часа во просториите на СОС Детско село Скопје .
  3. Повеќедневна обука (еден ден во траење до 8 часа) надвор од Скопје.

При избор на надворешни соработници, СОС Детско село Скопје ќе се води по следните критериуми.

За индивидуална психотерапија:

  • Завршен факултет за психологија, сродни социјални науки или медицински факултет и завршена сертифицирана школа за психотерапија; или
  • Завршен медицински факултет и специјализација за психијатрија.
  • Најмалку 5 години практично искуство во работа со клиенти.

За coaching:

  • Завршена сертифицирана обука за coaching.
  • Најмалку 5 години практично искуство во работа со клиенти.

За индивидуална супервизија:

  • Завршен факултет за психологија, сродни социјални науки или медицински факултет и завршена сертифицирана школа за психотерапија; или
  • Завршен медицински факултет и специјализација за психијатрија.
  • Најмалку 5 години практично искуство во работа со клиенти.

За групна супервизија:

  • Завршен факултет за психологија, сродни социјални науки или медицински факултет и завршена сертифицирана школа за психотерапија; или
  • Завршен медицински факултет и специјализација за психијатрија.
  • Завршена сертифицирана обука за користење на групен метод за психотерапија.
  • Најмалку 5 години практично искуство во работа со клиенти.

Ве молиме да доставите понуда за оние услуги кои можете да ги понудите согласно Вашите квалификации.

Согласно годишниот план за обуки, понудувачите ќе бидат контактирани во период во кој ќе биде потребно спроведување на обука од конкретна област.

Вашата понуда и Вашата професионална биографија ве молиме испратете ги на електронска пошта info.na@sos.org.mk најдоцна до 20 февруари 2019.