11 јануари 2019

Повик за консултантски услуги

СОС Детското село Македонија е Здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

Со цел евалуација и проценка на влијанието кое го има направено проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик преку мерки за генерирање приходи“, огласува:

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

  • Вид на услуга:
  • Да се процени влијанието и ефективноста на активностите спроведени во проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик преку мерки за генерирање приходи“.
  • Да се процени релевантноста на интервенциите на проектот за соодветно одговарање на потребите и приоритетите на целната група.
  • Да се оцени ефикасноста на проектот во однос на корисниците, трошоците и временската рамка на проектот.
  • Да се документира/оцени и анализира напредокот што проектот го направил согласно индикаторите кои што се наоѓаат во проектната матрица
  • Да се процени одржливоста на проектот (институционални, социјални, финансиски, итн)
  • Да се дадат препораки за понатамошен развој на идните интервенции.
  • Да се процени како целната група била вклучена во спроведувањето на проектот, процесот на индивидуално планирање и мониторинг.
    • Карактеристики кои треба да ги поседува консулатнтот, правно или физичко лице кои ќе бидат вклучени во изработка на физибилити студија преку избраниот пунудувач:
  • Докажана компетентност во мониторингот и евалуацијата, вклучувајќи оценка на влијанието или евалуација на проектот
  • Професионално искуство од областа на социјалните науки
  • Добри олеснувачки и интерперсонални вештини
  • Докажано искуство во процеси на учество и методите за собирање податоци
  • Силни вештини за координирање на тимска работа
  • Силни аналитички вештини
  • Одлични писмени комуникациски вештини
  • Способност за трансфер на сложени концепти и идеи во практичен и едноставен јазик
  • По можност искуство во организирање на истражувачки процеси со/за СОС Детско Село Македонија
  • По можност искуство и кредибилитет во обезбедувањето услуги за евалуација на проекти финансирани од BMZ
  • Успешно владеење на англиски јазик.
    • Рок за спроведување на услугата e 04.2019 година.
  • 30 дена за спроведување на евалуацијата (Март 2019);
  • 15 дена за подготовка и испорака на конечен евалуациски извештај (15 Април 2019)
    • Достава на задолжителна документација при аплицирање:
  1. Биографија на консултантот/ите или индивидуалното лице/а ангажирано/и од страна на консултантската куќа, во која ќе треба да бидат аргументирани карактеристиките кои се бараат од консултантот/ите;
  2. Методолошка рамка за спроведување на услугата;
  3. Оперативен план за спроведување на услугата;
  4. Референтна листа на слични задачи и контакти на клиенти;
  5. Финансиска понуда.
    • Критериум за избор:
  • Предложен метод
  • Предлог оперативен план / временска рамка
  • Трошоци
  • Претходно искуство во преземање на слични проценки, референци од претходните ангажмани
    • Дополнителни информации:

Доколку сте заинтересирани за доставување на понуда, пратете e-mail на: info.na@sos.org.mk со барање за достава на „Terms of Reference“ или „Услови на повикот“.

  • Начин на достава на документација:

Сите документи да се достават по пошта или директно на адреса: Ристо Шишков 25, 1000, Скопје, со назнака: Понуда за изработка на надворешна евалуација на проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик преку мерки за генерирање приходи” или на

E-mail: info.na@sos.org.mk со назнака Понуда за изработка на надворешна евалуација на проектот „Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и млади родители во ризик преку мерки за генерирање приходи”.

  • Рок за достава на понуди е: 21.01.2019 година до 16.00 часот.