6 ноември 2018
Проектот „Преку социјални договори до одржливост“ финансиран од ЕУ и спроведуван од СОС Детско село Македонија, е фокусиран на тоа да создаде поволна законска средина за склучување социјални договори во областа на заштитата на децата и испораката на социјални услуги, што ќе доведе до обезбедување долгорочна финансиска одржливост на граѓанските организации (НВО).
Во рамки на активностите на проектот, предвидено е креирање на работна група од експерти чиј ангажман има за цел да се поддржат владата и СОС Детско село Македонија во правец на изменување на националната легислатива, со цел да се усвојат и имплементираат најдобрите практики од ЕУ во однос на склучувањето договори за давање на услуги.
За таа цел, СОС Детско село Македонија објавува:
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ ВО РАБОТНА ГРУПА
во рамки на проектот
ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ ДОГОВОРИ ДО ОДРЖЛИВОСТ
Општата задача на експертите и Работната група е да се поддржи понатамошниот развој на системот за социјални договори во Македонија и да се усвојат најдобрите модели и практики на ЕУ во оваа област. Задачата вклучува детална анализа на националното законодавство кое е во сила и кое се однесува на давањето услуги, испитување на постоечките процедури за склучување договори за назначување на давателите на услуги и развивање нацрт-амандмани за националната / регионалната правна рамка, која ги поставува темелите за систем за социјални договори кој правилно функционира и кој е базиран на ЕУ стандарди, модели и практики.
УСЛОВИ НА ПОВИКОТ
Условите на повикот обезбедени од СОС Детско село Македонија кои ги содржат основните информации за креирање на предлогот / краткиот опис, може да ги видите на следниот ЛИНК: ToR_Experts
КРАЕН РОК И НАЧИН ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните кандидати се бара да достават на англиски јазик:
Апликациите, соодветно условите на повикот, треба да се достават најдоцна до 25 август 2016 година, на следната адреса:
Ул. Ристо Шишков бр. 24, 1000 Скопје
или
е-mail: vaska.draskovic@sos.org.mk
Проектот е финансиран од Европската Унија
Назад кон сите новости