Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Канцеларијата на УНИЦЕФ Македонија и СОС Детско село Македонија се согласија за потребата од спроведување на Оценка на јавни политики (Regulatory impact assessment) за донесување на модел на социјални договори во земјата, која што треба да се спроведе во Република Македонија, со цел да им обезбеди на СОС Детско село Македонија доволно докази за придобивките од воведувањето на моделот на социјални  договори во системот на социјална заштита во Македонија.

Целта на анализата е систематски да се идентификуваат и проценат очекуваните ефекти од предложениот модел на социјални договори, со користење на конзистентен аналитички метод, како компаративен процес врз основа на утврдување на основните регулаторни цели, со кои се бара и идентификување на сите интервенции потребни за нивно постигнување. Овие „алтернативи“ треба да бидат оценети, со цел да ги извести носителите на одлуки за ефективноста и ефикасноста на различните опции и да им овозможи дека повеќето ефективни и ефикасни опции се систематски одбрани.

За таа цел, на РИА процесот обезбедува вклучување на сите засегнати страни и помага во откривањето на сите релевантни информации низ процес на консултации со јавноста. Со тоа, влијанието на социјалните договори на различните засегнати страни ќе биде анализирано, што ќе доведе до сознанија за тоа дали и како социјалните договори ќе имаат значаен придонес во подобрувањето на квалитетот на услугите во социјалната заштита и какво влијание ќе има ова врз одржливост (вклучувајќи финансиска одржливост) на граѓанските организации. Оттука, оценката на влијанието на регулативата ќе послужи како важна основа за носителите на одлуки да можат да одлучат да ги децентрализираат и делегираат своите одговорности при обезбедувањето на социјални услуги.

 

Профил на консултантот/агенцијата

  • Лицето (а) кое ќе ја спроведува оваа анализа треба да има компетентност и искуство во спроведување на економски и социјални истражувања.
  • Предност имаат лицето/та или правните лица, со професионална наобразба од општествените науки, на пр. високото образование во социологија, психологија, педагогија, право или економија;
  • Лицето (а) треба да има темелно разбирање на процесите на креирање на јавни политики, законодавството, владини и невладини програми, политики и стратегии поврзани со системот на социјална заштита и социјални услуги;
  • Лицето треба да има познавања за системот за заштита на децата и ранливите групи во земјата.
  • Најмалку 5 години докажано искуство со партиципативни истражувачки методи, собирање на податоци и примена на методологии, како и искуство за анализа на оваа тема
  • Одлични аналитички, истражувачки и вештини за пишување на извештаи, како и интерперсонални вештини
  • Добро владеење на англискиот јазик.

Заинтересираните кандидати се бара да ја достават својата понуда во неозначен запечатен коверт со назнака за кој повик аплицираат и назнака „не отварај“, на адреса: Ристо Шишков бр. 25, 1000 Скопје.

Краен рок за аплицирање е 20.02.2017 година до 16 часот.

Апликацијата за спроведување на анализата треба да ги содржи следните податоци:

1. Име и детали за контакт на поединецот стручно лице (а) и опис на претходните искуства
2. Вовед и цели на анализата
3. Опис на методологијата (вклучувајќи ги и целни групи; опис на квантитативни и квалитативни истражувачки методи кои ќе се користат; опис на примерок / големина на примерок и слично)
4. Предлог за тоа како тимот на проектот ќе биде вклучен во анализата
5. Опис на производот и резултатите
6. Временски распоред на активности (временски распоред треба да се подготви за секој елемент на планот за работа и на барањата за известување).
7. Состав на истражувачкиот тим (за секој предложен експерт, кратка биографија) треба да се достават заедно со предлогот.
8. Финансиска понуда

Заинтересираните кандидати можат да побараат консултативна средба за појаснување на потребите на истражувањето / студијата во периодот 14 – 17 јануари 2017 година. Сите информации за аплицирање и спроведување на студијата може да се побараат од Зоран Богдановски на zoran.bogdanovski@sos.org.mk

Заинтересираните кандидати можат да ги погледнат деталните услови на повикот на следниот линк