6 ноември 2018
Сите ние имаме свое омилено место. Mесто на кое со радост постојано му се враќаме. Mесто во кое со мерак си го пиеме омиленото кафе и споделуваме убави мигови низ мезе со нашите блиски. Нашето oмилено место ни е место кое има посебна душа, МЕСТО СО СРЦЕ.
Од 27 до 29 декември, во пресрет на Новогодишните празници нашите омилени места ќе станат #местососрце и ќе се вклучат во поддршка на Хуманата мисија на СОС Детско село: ТОПОЛ ДОМ И ГРИЖА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.
Овие три дена, посетете го и вие вашето омилено #местососрце и дајте ја својата поддршка, a дел од приходот кој ќе се оствари за времетраење на оваа кампања од секое #местососрце ќе биде дониран за децата од СОС Детско село, затоа што Ниту едно дете не треба да расте само!
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страна Место со срце на фејсбук на следниов линк: https://www.facebook.com/mestososrce/
Локациите на #местососрце може да ги пронајдете на следнава мапа: http://www.scribblemaps.com/maps/view/Mesto_so_srce/f5iKmoBrcW (десктоп верзија) или http://bit.ly/2BbZ4AV (мобилна верзија)
Назад кон сите новости