Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

15 години СОС Детско село Македонија – Специјална плакета

Регионалниот директор на СОС Детски села, Дамир Ќориќ, од името на СОС Киндердорф интернационал, по повод 15 годишниот јубилеј на СОС Детско село Македонија, на свечениот настан кој се одржа на 30 ноември во МНТ, му додели специјалната плакета за посебен придонес на прим. д-р Иван Двојаков.

 

Оваа специјална плакета на прим. д-р Двојаков му беше доделена како благодарност и признание за 15 години посветеност на мисијата на организацијата СОС Детско село Македонија.

 

Прим. д-р Двојаков е еден од десетте основачи на СОС Детското село Македонија, кој низ годините даваше особен придонес во делувањето на организацијата во Македонија. Од првите чекори, до денес, тој како член и потпретседател на Управниот одбор, постојано го поддржува развојот на организацијата и работи на унапредување на соработката со Владата на Република Македонија, како и за признавање и поддржување на мисијата на СОС Детско село од институциите и заедницата.