6 ноември 2018
СОС Детско село Македонија, после 15 години посветеност, згрижени над 150 деца без родители и родителска грижа, поддржани над 500 деца во ризик во нивните биолошки семејства и овозможени услуги на 45.000 деца и семејства на бегалци кои поминаа низ нашата земја во изминатиов период, е уште помотивирано да направи ПОВЕЌЕ. Да згрижи деца, да поддржи семејства и родители кои сакаат да се грижат подобро за своите најмили и да помогне онаму каде што е најпотребно! За сите овие години, додека растеа децата и организацијата растеше со нив. Заедно ги преживувавме детските болести, зацврснавме и нема да бидеме нескромни ако кажеме дека сега сме посилно исправени и подготвени да одговориме на секој предизвик. Децата го продолжуваат својот животен пат, како зрели млади луѓе, а СОС Детско село Македонија продолжува посветено да ја остварува својата мисија: ТОПОЛ ДОМ И ГРИЖА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.
На овој долг и макотрпен пат, до остварување на нашите успеси и резултати, ни помогнаа многу пријатели, поддржувачи, партнери и соработници, без чија поддршка многу деца немаше да добијат можност да имаат безброј убави спомени и среќно детство, под закрила на СОС Детско село Македонија.
СОС Детско село Македонија оваа година слави 15 години! Нека ни е честит 15 годишниот јубилеј, продолжуваме уште похрабро напред. За нови успеси и уште повеќе детски насмевки!
Централната прослава по повод 15 години СОС Детско село беше одржана на 30 ноември во Македонскиот народен театар. Салата полна, како и срцата и на домаќините и на гостите. Многу емоции, споделена љубов, спомени… Дел од децата на СОС Детско село, сега веќе како возрасни гости. Многу видни гости, но и јубилеј на радост на вработените во СОС Детско село.
Нашата прослава, покрај видните гости и покровителите на настанот:
г-ѓа Маја Иванова сопругата на претседателот на Република Македонија
и Австриската амбасада, претставена ид амбасадорката, Ренате Коблер,
ја збогатија и изведувачите.
Благодарност на Ева Богоевска, Александра Коцевска, Студио Балерини, Ритам плус, „Пламенка Трајковска трио” и на Тамара и Цеце, како и на водителката на настанот Татјана Стојановска. Благодарност и на тимот на Македонската телевизија кои специјално за СОС Детско село Македонија подготвија документарен филм, кој разнежи многу срца, како и на вработените во Македонскиот народен театар кои се погрижија сѐ да тече според замислата на организаторот.
По повод јубилејот беа доделени повеќе благодарници и признанија до поединци и институции кои ја помагаат работата на СОС Детското село и кои прават сѐ што можат за организацијата да функционира беспрекорно.
Дамир Ќориќ, регионален директор на СОС Детските села, на прим. д-р Иван Двојаков му ја додели специјалната плакета за посебен придонес, а по повод 15 годишнината, која ја додели во името на СОС Киндердорф.
Потоа, СОС Детско село Македонија додели благодарници за посебен придонес за организацијата, на поединци, членови на Генералното собрание кои повеќе од 10 години несебично се вложуваат и придонесуваат за растот и развојот на организацијата. Благодарници за посебен придонес им беа врачени на:
Зорица Серафимовска Арсовска, претседател на Управен одбор на СОС Детско село Македонија
Славица Спироска – долгогодишен член и член на Управен одбор
Лоза Илиевска – долгогодишен член на Генералното собраниеЗорана Костова – долгогодишен член на Генералното собрание
Kaтерина Илиевска – долгогодишен член на Генералното собрание
СОС Детско село Македонија за да биде успешно во својата дејност соработува со бројни институции и организации. Тоа се клучни стратешки партнери без чија што соработка делувањето на организацијата би било невозможно и секако недоволно успешно.
СОС Детско село Македонија, со плакети им се заблагодари на:
– Министерството за труд и социјална политика, главен стратешки партнер и поддржувач на организацијата.
Општина Гази Баба општина која е секогаш подготвена за соработка со СОС Детското село и ги поддржува програмите и активностите.
– Заводот за социјални дејности – Скопје, долгогодишен партнер и клучен соработник во сите изминати години.
– Меѓуопштинскиот центар – Скопје, институција со која исто така, СОС Детското село Македонија има континуирано добра соработка.
– Центарот за Управување со кризи – Куманово за професионалната соработка и поддршка на терен во Табановце, како и
– Центарот за Управување со кризи – Гевгелија исто така за одличната соработка и поддршка во транзитниот Центар Винојуг.
Овој свечен настан го помогнаа и овозможија СОС Детско село достоинствено и заслужено да го прослави својот 15 годишен јубилеј, спонзорите на настанот:
Македонски народен театар,
Македонската радио телевизија,
Македонија Турист и Хотел Карпош и
Kомпанијата Евроинс.
Пивара АД Скопје;
Компанијата Тинекс,
ЛЛ кетеринг,
Интеграл
Винарија Стоби и
Ола ла.
СОС Детско село им благодари на довербата!
СОС Детско село Македонија се грижи децата да имаат топол дом, но тоа секако не би можеле да го постигнат сами, без поддршката на донаторите и поддржувачите, кои заедно со организацијата се грижат да обезбедиме топол дом за секое дете. Затоа, организацијата им благодари на компаниите и донаторите кои континуирано ја поддржуваат мисијата на СОС Детското село.
– Медиумскиот покровител Македонската радио телевизија
– Медиа принт Македонија
– Евроинс
– Македонија турист
– Шпаркасе банка
– Пивара АД Скопје
– Македонскиот народен театар
– Тинекс
– Ски центар Заре Лазаревски – Маврово
– Фондацијата „Ѓоргија Џорџ Атанасоски”
– ОНЕ.ВИП
Среќен јубилеј СОС Детско село Македонија!
Назад кон сите новости