Тип на донација
Сума

или

4 март 2022

Отворен оглас за КООРДИНАТОР ЗА АДМИНИСТРАТИВНО И ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Опис на работата:

Координаторот е поддршка на проектниот менаџер и проектниот тим за целосна и навремена имплементација на проектните активности како одговорен за финансиско-административно работење на проектот.

Клучни области на работа и главни одговорности:

  • Придонесува за ефикасно дневно административно и финансиско работење и ја поддржува работата на раководниот персонал;
  • Следи проектен буџет, вклучително и следење на финансиските и материјалните ресурси и известување до менаџерот на проектот и до финансискиот директор;
  • Обезбедува годишна подготовка на буџетот да биде вклучена во процесот на планирање и буџетирање на организацијата во согласност со интерните политики;
  • Подготвува и го следи статусот на ликвидност и предвидувањата на проектот, како и постапката за барање на средства;
  • Подготовка на редовни финансиски извештаи за проектот;
  • Подготовка на банкарски плаќања на трошоците;
  • Комуникација со финансискиот оддел на организацијата и раководниот персонал на проектот поврзани со планот на ликвидност, буџетски релокации и финансиски извештаи;
  • Одговорен/а е за архивирање на целокупната документација, дата база и архива на проектот;
  • Ги следи посебните финансиски политики и процедури на донаторите;
  • Ги почитува сите важечки стандарди, водичи, политики и правилници на СОС Детски Села Интернационал и СОС Детско Село Северна Македонија, со особен осврт на политиката за заштита на децата.

Потребни квалификации и дополнителни критериуми:

  • Завршено високо образование од областа на економски науки (финансиски менаџмент или сметководство предност);
  • Најмалку двегодишно искуство во финансиско и административно работење со проекти во граѓански сектор;
  • Искуство во буџетирање и финансиско усогласување и известување согласно матрица на донаторот;
  • Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори;
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност
  • Способност за работа под притисок и рокови
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Одлични компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
  • Искуство во сметководство се смета за предност
  • Поседување на возачка дозвола “Б” категорија се смета за предност;

Работни услови:

  • Работа на определено време во траење до 30.04.2025, со првичен договор на определено време од 3 месеци -6 месеци;
  • Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)

Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 13.03.2022 на kariera@sos.org.mk