Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Децата од СОС Детско Село се дружеа со Каролина Гочева

Популарната поп Пејачка Каролина Гочева во кафулето Експириенс во центарот на Скопје се дружеше со своите обожаватели и потпишуваше примероци од нејзиниот нов албум “Капка под небото”. Почесни гости беа децата од СОС Детското село.Тие имаа можност да се запознаат и дружат со Каролина за целото време од настанот. Сите деца добија примероци од албумот со лична посвета од Каролина.

Воедно тие оваа прилика ја искористија да и упатат покана на Каролина да ги посети во нивниот дом на што таа со задоволство се согласи и вети дека ќе ги посети во првата слободна прилика која ќе и се укаже. На крајот полни со импресии се вратија дома. Двочасовното дружење на децата со поп ѕвездата беше по иницијатива и во организација на Македонски Телеком и Т-Мобиле.

karolina2011_1

karolina2011_2